„Судиите кои судат во совети по тужбите од изборите се бираат по пат на жрепка. Некои одлуки од судиите немаа врска со Законот. На ова сигнализирав и порано“, вели Лимани кој вчера ја поднесе својата оставка од фукцијата претседател на Управен суд.
Тој оставката ја поднесе веднаш по одлуката на неговите колеги судии за прегласување во трет круг за општина Центар и Струга и по поништувањето на изборот за градоначалник на Андреј Жерновки и Зијадин Села.
„Не сум политичар“ – вака ја коментира Лимани својата одлука.