НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лина Ќостарова-Унковска: Зошто треба да се поддржат средношколците

0
By Нова ТВ on May 4, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лина Ќостарова-Унковска

Средношколците се се уште под шатори, на чекор до Министерството. Прво ги повикаа да им кажат дека не било безбедно, се изложувале на опасности, и без потреба, а и немале легитимитет да поставуваат барања. Потоа, Министерот мораше да ги прими, некој му шепнал да биде „помек“ со децата, и тој им вети дека нивните барања „ќе одат“ на Влада. Децата беа задоволни, барем нешто дофрлило преку зидините на Министерството.

Но, набргу се виде што било тоа, и се се заврши на муабетите за комисии, работни групи, и ни „Д“ од дијалогот на кој се надеваа. Кога не можеа да ги застрашат, се обидоа да ги прелажат. А кога ни тоа не им помина, почнаа со нив да се пазарат, божем попуштаат, ама се се сведе на „јас тебе, ти мене, немој да претеруваш“. А кога изгубија трпение, им се испушти суштината: „Знам кој те прати“, и толку требаше да паднат маските.

На крајот се огласи и Премиерот, осилен од аплаузите на немислечкото членство, силно разочаран во родителите, им се обрати, како преку проверката на знаењето, и преку државниот испит сакал да ги натера децата да научат барем за шестка, оти ним ќе им требало тоа знаење, а не нему нивното… за малку потоа да дообјасни како математиката го развивала мозокот, и логиката, како ги развивала виугите, и како мозоците биле нашиот најсилен ресурс, кој не се троши, туку се развива. Колку приземни глупости во размислувањата на еден водач. Притоа, од никаде никаква идеја како да се реши проблемот, и да се СЛУШНАТ размислувањата, предлозите и аргументите на младите.

И сега што може да се прави и направи со вакви луѓе и амбиент?

Може многу да се научи од ваквите искуства. Ние знаевме дека претставниците на власта не умеат да разговараат со никого, ни меѓу себе, а камо ли со мислечки млади луѓе. Знаевме дека немаат слух, дека не го познават јазикот на договарање и преговори, дека воопшто и немаат потреба од разговори и аргументи, а камо ли нешто да чуле за рамноправноста во дијалогот. Сето тоа го знаевме, но она што постојано откриваме од ден на ден, е како самите се заглавуваат во истите, репетитивни искази.

Откриваме колку не можат без реториката и праксата на закани, лаги, ниски удари и прозивки. И колку е тоа суштината на нивното постоење и опстојување. Го немаат ли тоа, ги снемува и нив. Затоа и не можат да побегнат од себе. Гледајте само како се држат еден за друг, се мразат, а се држат.

И токму од тоа, од таквата експлицитно искривена појавност, младите научија и добија најмногу. Непроценливо е богатството на тоа што им се случува, да почнат да учат од прва рака. Директно и низ лично искуство на активен отпор на бесмислените, хаотични решенија, кои еднострано им се наметнуваат, а секојдневно и животно ги засегаат.

Во отпорот лежи нивната сила во моментов, и во веќе оствареното право на учество за кое самите се изборија, дури и независно од исходот. Особено што пораснале во непримерни услови од двојни пораки, извитоперени вредности и изнудени определби, и што речиси и немале поле за практикување на сопствените обиди и решенија. Затоа е бунтот на младите толку значаен.

Нашиот највисок интерес, токму затоа, треба да биде насочен кон младите и со нив. И кон поддршката што тие треба да ја добијат, а ја добиваат, некаде отворено, искрено и безусловно, но сеуште недоволно. Зашто, вистинското прашање тука и не е веќе матурата, екстерното, ниту возраста, или „каде им е местото“, туку фактот дека 18.000 средношколци, ширум земјава, излегоа и останаа на улиците во надеж дека ќе бидат слушнати од клучните креатори на образовните политики и практики? А се уште нема кој да ги чуе. Не се тоа веќе детски работи.

И затоа мораме да го препознаеме моментот. Дека она што им се случува на средношколците, наспроти сета игноранција, омаловажувања и притисоци е всушност најголемата фасцинација што било кога ја доживеале во своето ограничувачко, насилно и сепаратистички обоено опкружување.

Откако за прв пат во нивните животи имаат шанса да ги изразат своите различни гледишта, а со тоа и да ги артикулираат и издигнат далеку над сопствените комформистички желби, тие всушност, за првпат имаат прилика да го истражат и откријат патот на основните човекови права на учество, припадност и недискриминација. И токму ваквото искуство на учество, со припадноста на врсничката група, неподелена по никакви основи, ги учи и ќе ги научи повеќе од било која училишна програма – да разберат каде се, која е нивната задача и во што се силни, единствени и подобри од останатите.

Токму ова искуство на избор за сопстениот живот, сега и овде, со силното чувство на солидарност, и со автентична поддршка од возразните, е она што е нивен клучен влог во преземањето одговорност за сите останати прашања поврзани со нивните животи, во иднина.

Тоа е патот на созревање, кој просто нема замена. Не се учи во школските клупи и во многу подобри образовни системи. Ако тоа го сфатиме, ќе знаеме и како да застанеме на вистинската страна, без трикчиња, и манипулации, и без страв. Затоа е и толку вредна нашата поддршка, на возрасните, зашто со неа директно го поттикнуваме развојот. И немојте тука да потфрлиме.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.