Новиот филм на Стивен Спилберг, „Линколн“ кој беше номиниран за Оскар во категоријата за најдобар филм e интимна приказна за 16. претседател на САД кој за време на крвавата граѓанска војна, се изборил на парламентарните избори да се изгласа законот со кој ќе се укине ропството.
Оваа историска драма од денеска игра во киното Cineplexx.
Во насловната улога е брилијантниот Даниел Деј Луис кој за оваа улога годинава го доби Оскарот за најдобра машка улога и стана единствениот актер во историјата кој има добиено три Оскари за најдобра главна улога.