Лионел Меси на суд на 17 септември поради обвинувањата за даночна измама.
Ова е одлуката на шпанските судови откако 25-годишниот Меси, кој четири пати беше прогласен „Најдобар играч во светот“, и неговиот татко се сомничат за измама тешка над 4 милиони евра, со употреба на компании во Белизе и Уругвај.
Засега и двајцата ги отфрлија обвинувањата.
Годишната плата која Меси ја зема од тимот на Барселона се верува дека изнесува околу 16 милиони евра, што го прави еден од најбогатите спортски личности.
Фудбалерот и неговиот татко, Хорхе, се обвинети за измама во три наврати на шпанскиот даночен систем.
Доколку обвинувањата се покажат како точни, Лионел Меси би можел да се најде зад решетки и до шест години.
Според листата на Форбс, играчот на Барселона е рангиран на место број 9 според заработката од своите игри и спонзорствата.