Синоќа е објавена престижната Шангајска листа на најдобри универзитети за 2017 година, меѓу 500. Универзитети нема ниту еден од Македонија.
Меѓу првите десет има осум американски и два британски универзитети.
Најдобар универзитет на светот е Харвард, а по него следат Стенфорд, Кембриџ, МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калифорнија и Универитетот на Чикаго.
На листата од 500 најдобри високообразовни интитуции, освен Македонија ги нема ниту Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.
Универзитетот во Белград ја задржа ланската позиција и се наоѓа меѓу 201 и 300 место од вкупно 500, додека Универзитетот во Љубљана е во групата од 401 до 500 место.
Шангајската листа што секоја година ја објавува Универзитетот Џио Тонг во Шангај е едно од највлијателните рангирања на најдобрите универзитети во светот.
Клучни критериуми за рангирање на листата се бројот на објавени стручни трудови во меѓународни списанија, број на добитници на Нобелови награди и Филдс медали кои студирале на универзитетот или работат таму.


