Вилнус: Литванските власти привремено го затворија воздушниот простор над Вилнус откако беа забележани балони кои се приближувале кон аеродромот во близина на главниот град.
Воздушниот простор беше затворен околу два и пол часа, од 20:10 до 22:43 локално време, објави аеродромот Вилнус на социјалните мрежи.
Според регионалните медиуми, ова е шести ваков случај овој месец во Литванија. Најмалку два летови кон Вилнус беа принудени да се вратат на своите полетувања.
Белорусија повеќепати лансирала вакви балони, наводно за шверц на цигари преку границата со Литванија, што предизвикало меѓународно осудување. Литванија затоа ја затвори границата со Белорусија на еден месец, до 30 ноември.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, ги осудија дејствата на Белорусија како „хибридна закана“.
Литванската премиерка Инга Ругиниене на 27 октомври изјави дека земјата планира трајно да ја затвори границата со Белорусија и ќе ги соборува сите балони кои ќе влезат во литванскиот воздушен простор.
Белорускиот лидер Александар Лукашенко ја нарече одлуката на Литванија за затворање на границата „апсурдна“ и „лудо коцкање“.

