Аферата со млекото во Србија би можела да нанесе штета меѓу 100 и 125 милиони евра, изјави во четврток српскиот вицепремиер и министер за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации Расим Љаиќ.
„Преку нашите анализи дојдовме до податоци дека значително опаднал извозот на млеко и млечни производи”, рече Љаиќ, одговарајќи на пратенички прашања и додаде дека некои млекари целосно го запреле извозот, а во некои млекари извозот е намален за 37 отсто во однос на минатата година.
Љаиќ рече дека прометот во малопродажбата значително опаднал и тоа од пет до 27 отсто од почетокот на кризата до сега, во зависност за кој малопродажен објект станува збор.