Во изминатите 24 часа пожари беснееја во близина на Штип и Свети Николе, при што е повреден и еден пожарникар. Во Штипско изгореа три викендици, објекти за чување на кокошки и свињи, како и ниско стеблеста шума.
Со интервенција на пожарникарите огнената стихија не се проширила на останатите објекти.
Пожарникарите и сопствениците на изгорените викенд куќи се убедени дека причина за опожарувањето е човечки фактор. Во Свети Николе според првичните информации јато птици удриле во трансформатор. Таму синоќа изгоре фарма за свињи и околу 6 000 бали детелина.
Пожарникарите предупредуваат дека поради сушата и високите температури
граѓаните треба да бидат внимателни со палењето на стрништата како и фрлањето на
догорчиња од цигари. Во текот на летната сезона штипските пожарникари имале 13
интервенции.