Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локомоушн фестивал стартува во понеделник

0
By Нова ТВ on October 24, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Oд 27 октомври до 1 ноември во Младинскиот културен центар, РИЦ центарот во Зебра и Менада ќе се одржи седмото издание на фестивалот за современ танц и перформанс – Локомоушн.

Во досегашните шест изданија македонската публика имаше можност да проследи бројни имиња на реномирани автори и компании од Европа, регионот и Македонија, меѓу кои: Мартин Шик, Фуфа Д’Имобилите (Швајцарија), Франческо Скавета (Норвешка/Италија), команијата Во Потрага За Подобар… (Франција) Изабел Шад и Бруно Пошерон (Греманија/Франција), Бара Коленц, Јуриј Коњар, Горан Бодановски, Снежана Премуш и Примож Бежјак (Словенија), Далија Ачин (Србија), Искра Шукарова и Дејан Срхој (Македонија/Словенија), Александра Јанева Имфилд (Хрватска/Белгија), Швајцарската компанија Линга, Мод Лиардон (Швајцарија), Мартин Спамберг, Ингрид Когне, Џон Тајлендер, Ема Ким Хагдал, Маркус Доверуд (Шведска), Вили Прагер (Бугарија) и Соња Преград (Хрватска/Германија) и други.

Студентите од Номад танц академија: Елија Мрак Блумберг (САД), Кире Миладиноски, Кире Ѓорески, Викторија Илиоска (Македонија), Жана Пенчева (Бугарија), Александар Георгиев (Македонија/Бугарија), Селин Ларер и Јана Јевтовиќ (Франција/Канада), Пјер Ив Дијакон (Швајцарија) и други.

Седмото издание на фестивалот ќе понуди нов преглед на најновото и иновативното во полето на современиот танц и перформанс.

Фестивалот ЛокоМоушн оваа година се одвива под многу тешки финансиски услови, кои го ограничуваат пристапот до ресурси, потреби и капацитети на фестивалот. Во вакви околности многу e тешко да се зборува за програмирање на концепт и планирање на фестивалски формат, туку повеќе како за програма и формат кои се во континуирана изградба (under – construction).

-Во такви услови ние единствено сме во можност да обезбедиме одреден простор и да ги поканиме сите учесници, публиката и пријателите и да создадеме рамка за размислување и размена, која ќе овозможи нова соработка и воедување на нови економии на економска размена помеѓу уметниците, културните работници, публиката, споделување на знаење и вмрежување базирано на хетерогени инвестиции, интереси и пракси.Скоро четириесетина гости, уметници, програмски уредници, куратори и патнери кои ќе бидат гости на овогодинешниот фестивал, каде сите заедно ќе се обидеме да гледаме, дискутираме, критички да ги согледаме условите во кои се создава современиот танц денес, се вели во соопштението од организаторите.

LocoMotion #7 се одржува оваа година поради солидарноста на сите уметници, културни работници, куратори и пријатели од Европа, Јапонија, Мексико и САД, вклучени во реализација на фестивалот кои ги донираа своето време, знаење и хонорари за негова реализација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.