Носителот на листата на СДСМ и коалициските партнери во изборната единица 4, Хари Локвенец, денеска со својот тим ја промовираше изборната програма на средби со граѓаните во Кавадарци.
-Премногу е очигледно и очекувањето и потребите на граѓаните од промени. Ние, оваа битка ја продолжуваме со несмален интензитет, а енергијата ја црпиме од вас, граѓаните на Република Македонија, рече Локвенец.
Тој го повика на ТВ дуел, Зоран Ставревски и му порача да не се крие зад ароганцијата, циничната насмевка и своите малициозни обраќања.