НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лошиот сон го отежнува намалувањето на килограми

0
By Нова ТВ on May 27, 2017 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истражувањата говорат дека и една непроспиена ноќ може да го зголеми апетитот и да го успори метаболимот

Научниците даваат нов совет како да се победи битката со дебелеењето: престанете да броите калории и започнете да броите овци! На последната конференција истражувачите се обидоа да истакнат дека доброто ноќно спиење е исклучително важен фактор, како и секој друг при контролирање на тежината и обемот кај луѓето.

Нивното истражување кое беше претставено на Европскиот конгрес за ендокринологија во Лисабон истакнува како нарушените обрасци на спиење, односно нарушениот сон и нередовното ноќно спиење како многу чести појави во современото живеење, можат да поттикнат промени кај апетитот, метаболизмот, кај мотвацијата и физичката активност, или пак кај комбинација од сиве овие фактори. Ова води кон нарушување на апетитот и несодветна реакција кон храна кај луѓето. Крајниот резултат секогаш е накачување на килограми. Се верува дека успешното подигање на свеста кај луѓето за ова може да доведе до значителни подобрувања кога е во прашање здравјето.  

„Нашите истражувања покажуваат дека недостатокот на сон и лошото спиење придонесуваат кон зголемување на телесната тежина кај луѓето. Затоа потребно е да се заклучи дека подобреното спиење може да биде ветена интервенција во начинот на живот за намалување на ризикот од зголемување на телесните килограми“, вели Кристијан Бенедикт, невронаучник при Универзитетот Упсала во Шведска кој имаше говор на конференцијата во Лисабон.

Се смета дека две-третини од популација во Европа се справува со прекумерна телесна тежина, додека пак една четвртина се сметаат за гојазни и во вистинска опасност да си го загрозат здравјето или пак им се заканува прерана смрт. Недостатокот од вежбање е секако една од главните причини за оваа епидемија на обезност односно гојазност, како и зголемената достапност на ефтина процесирана храна и пијалоци богати со шеќери. Но и спиењето е фактор, вели Бенедикт, особено во 24/7 културата во модерниот свет каде што се повеќе луѓе се жалат на проблемот н неквалитетно спиење, и каде што истражувањата покажуваат силна поврзаност помеѓу нарушениот сон и зголемувањето на телесната тежина.

При еден експеримент спроведен од страна на тимот од Упсала, група од 14 момчиња – студенти учествувале во серии од искуства при спиењето, од нормално спиење до нарушено спиење, па се до воопшто неспиење во интервал од неколку денови. При тоа биле вршени и мерења на промените во количината на храна која ја конзумирале, нивното ниво на шеќер во крвта и нивото на хормони.  Резултатите биле вознемирувачки.

Дури само една непроспиена ноќ го успорува на метаболизмот за наредниот ден од 5% до 20%, намалувајќи го трошењето на енергијата при извршување на едноствани задачи како дишењето и варењето на храната. Како резултат на нарушеното спиење кај студентите се појавило зголемено ниво на шеќер во крвта, зголемено ниво на хормоните кој го регулираат апетитот како грелин, и на хормонот за стрес кортизол. Сепак, губитокот на сон не го зголемува конзумираното количество на храна тој ден.

„Нашите наоди укажуваат на тоа дека една ноќ нарушено спиење акутно го намалува трошењето на енергија кај здравите луѓе, што наведува дека редовно спиење и добар сон придонесуваат кон акутна регулација на дневното потрошување на енергија кај луѓето“, вели Бенедикт. Тој истотака открива дека здравите луѓе кои имаат нарушено спиење преферираат поголеми порции храна, потребни им се повеќе калории, изразуваат знаци на импулсивност кога е во прашање храна, уживаат многу повеќе во храната и трошат помалку енергија отколку контролните групи. Делумно проблемот е во фактот што недостатокот на спиење го подига хормоналниот баланс на хормони кои наговестуваат ситост, како ГЛП-1 до оние кои наговестуваат глад како грелинот. Као резултат на ова, луѓето мислат дека се многу повeќе гладни отколку што навистина се.

Понатамошната работа на тимот на Бенедикт покажа и дека акутното губење на сон го менува балансот на цревната флора, која што е клучна за одржување на здрав метаболизам. Истата студија открива и намалена сензитивност на инсулин при нарушување на спиењето. Тимот на Бенедикт во моментов ги истражува долгорочните ефекти и дали подолгото спиење кај луѓето кои вообичаено кратко спијат може да ги врати во нормала споменатите промени во апетитот и енергетскиот метаболизам.

„Бидејќи нарушеното спиење е толку честа појава во модерното живеење, овие истражувања покажуваат дека воопшто не е изненадувачки дека и нарушувањата во метаболизмот како обезноста се зачестени и се движат во нагорна линија , ќе заклучи Бенедикт на конференцијата во Лисабон.

сон спиење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.