После минатонеделното извлекување на лотарија во Њујорк во кое никој не оствари добитна комбинација, Џекпотот достигна неверојатни 475 милиони американски долари.
Тоа е досега трет најголем износ на Џекпот во историјата на американските игри на среќа. Оние кои сакаат да ја испробаат таа среќа, за да купат сречка се подготвени да го дадат и последниот долар, верувајќи дека скоро пола милијарда ќе се најде токму на нивната сметка.
-Понекогаш на себеси се обвинувам и се срамам што ги трошам парите залудно, но сепак тоа е игра и никогаш не се знае, вели доставувач на храна Џереми Морган.