Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛП: Македонија е блиску до потенцијална трговска војна

0
By Нова ТВ on July 6, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата изминатите четири години се обиде системските слабости во земјоделството да ги прикрие со мерки кои се во спротивност со пазарните услови и бајпасирање на меѓународно прифатените договори, изјави Горан Николовски, член на Извршниот комитет на Либералната партија.

Најавениот состанок на Комитетот на ЦЕФТА покажува колку земјата, според него, е блиску до потенцијална трговска војна.

Како што нагласи на прес-конференцијата Николовски, оваа трговска војна, со Србија поради мерките за ограничување на увозот на пченица, слабиот македонски аграр ќе ја почувствувал преку затворање на традиционалните пазари, особено на штета на традиционалните извозни потенцијали.

„Свесни сме за проблемот со откуп на домашната пченица но нејзината ценовна конкурентност не се брани со интервенционизам. Тука се гледа колку потфрли методот на субвенционирање на оваа Влада”, рече Николовски.

Илустрираше со примерот дека во изминатите седум години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, драстично бил зголемен увозот на пченица и брашно. Така, според претставникот на ЛП, во 2006, увозот на пченица изнесувал 25.972 тони, а на брашно 3.513 тони со потрошени вкупно 4,5 милиони евра. Во периодот 2007 до 2012 година, според пресметките на Николовски просечниот увоз на пченица изнесувал 57.318 тони, односно 45.301 тони, а на брашно просечно се потрошени преку 24,5 милиони евра годишно. Само увозот на пченица во 2012-та изнесувал 121.260 тони.

„Ваквите катастрофални резултати се доказ дека Владата и натаму погрешно го третира земјоделство како социјално ориентирана стопанска гранка, наместо како пазарно конкурентна и извозно потенцијална”, тврди Николовски.

Ја повика Владата да информира како ќе влијаат донесените заклучоци на Комитетот на ЦЕФТА по извозните потенцијали на земјоделските производи, особено што се работи за наши традиционални пазари. Исто така, рече дека ЛП бара од Владата да достави до Собранието, анализа на резултатите од врзаниот откуп на пченица и брашно за периодот од 2010 до 2012 година, заедно со информација за влијанието на донесените заклучоци на Комитетот на ЦЕФТА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.