НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Lu-ping / 27-ми април – тој контроверзен ден на македонската демократија

0
By Zoran Ivanov on April 27, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Осум години време во кои некои елегантно партиски заштитени, други емотивно наивни си одлежаа по неколку години и трети онака, баш терористички, оние со црни качулки и пиштоли заденати за појасот се извлекоа од терористичкиот настан пред седум години поради насилниот упад во македонското собрание.

И сега, јаде, нека е нај субјективно ама, еве, нај накусо по ред за трите клучни категории, за оние упаѓачи, за оние платеници и за оние инспираторите.

Првите, првите се оние најмногубројните од упаднатите во собранието.

Оние заблудените. Оние емотивно умислени патриоти кои, дел од нив, од системот си го окркаа онака баш патриотски.

Тоа се оние жртвите на партиските пропаганди, на штапските партиски подбуцнувања.

Вторите, вторите се оние пресметливите. Оние на кои за идејата, за идеологијата, гајле им е баш ич.

Тоа се оние кои на диво, кои во темница, одработуваат за својот нарачател.

Тоа се оние вагабонтите.
Тоа се оние силеџии наемници кои за пари би предале секого. Тоа се оние кои ја масакрираа атмосферата, кои си наметнаа црни качулку и на кои, овие првите, им беа маска. Кои им беа само пресметаната жртвена толпа.
Кои им беа само таа аморфна маса заблудени и заведени. И кои им беа само таа нужна алатка со која ќе ја реализираат нарачката за која ќе им наплатат на своите работодавци.

Третите, третите се оние јавните личности. Оние неколкумина пи – ар авторитети.

Оние, за кои сепак сакам да верувам дека се патриоти. Умисалени ама сепак патриоти. Но, евидентно, и партиски пропагандисти интерсеџии. Тоа беа оние вознесени од мисијата дека ја спасуваат државата и, кои, како и вторите, сакајќи, несакајќи, беа злоупотребувачи на толпата во остварување на нивната партиска револуција.

Тоа се тие, овие третиве, кои токму поради своите јавни ангажмани, ја заведоа и јавноста и го употребија судството.  И кои, токму од таквите свои естрадно популарни јавни позиции, партијата во чие име пропагираа, им ја овозможи слободата, им ја издејствува амнестијата.

Тоа се тие кои, за сметака на жртвите кои правно заглавија, партијата ги извлече од правдата.

Ете така. Субјективно нека е.  Ама тоа се тие три централни категории важни субјекти за упадот на тој таканаречен „Крвав четврток“.

Но, но …

Но има уште една категорија. Онаа четврта. Ако дозволите, онаа најцрната.

Онаа за пост скриптум.

Она квантната. Онаа нај расипаната. Онаа и политички и човечки ништожната.

Онаа која  ја тргнаа заштитната греда од собраниската капија.

Онаа која и де факто и де јуре, ја навлекоа емотивно набиената толпа да го направи упадот во македонското собрание и да го создаде тој таканаречен „Крвав четврток“.

Тоа се тие од пост скриптумот на овие редови.

Тоа се тие.

Некои од нив и денес се вгнездени во министерски фотелји.

Други си туркаат тендерски бизниси.

Третите, третите се оние јавни личности.

Оние неколкумината пи – ар авторитетите.

Оние, за кои, сепак, сакам да верувам дека се патриоти. Умисалени ама сепак патриоти. Но, евидентно, и партиски пропагандисти интерсеџии.
Тоа беа оние вознесени од мисијата дека ја спасуваат државата и, кои, како и вторите, сакајќи, несакајќи, беа злоупотребувачи на толпата во остварување на нивната партиска револуција.

Тоа се тие, овие третиве, кои токму поради своите јавни ангажмани, ја заведоа јавноста и го употребија судството. И кои, токму од таквите свои естрадно популарни јавни позиции, партијата во чие име пропагираа, им ја овозможи слободата, им ја издејствува амнестијата.

Тоа се тие кои, за сметака на жртвите кои правно заглавија, партијата ги извлече од правдата. Тоа се оние кои сега си уживаат во својата несовест.

Ете, така некако, пикасовски елементарно, авторот на овие редови гледа на тиој 27-ми април 2017-та.

На тој контроверзен ден на македонската демократија за кој некои одлежаа.

За кој некои уште лежат.

Ден за кој некои од организаторите и некои од инспираторите уште им се потсмеваат на страдалниците за нивната наивноста за умислениот и за лажниот патриотизам.

Всушност, за квази патриотизмот.

 

                                                                                                        

 

 

 

 

 

Зоран Иванов колумна крвавиот чертвртѕок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.