Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu- ping / Ајдете сега Стармер, Макрон, Кошта, мошта, Дер Лајен, дер мајен, а и вие Владини, Невладини, за ова најновово со Газа – ќе гукнете ли

0
By Zoran Ivanov on August 20, 2025 ИЗБОР, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Зоран Иванов

Очекувана и претходно најавна но денеска конкретизирана и формализирана страшна антицивилизациска геноцидна вест стаса од Тел Авив.

Многу страшна од секаков аспект.

Покрај редовната војска овој актуелен Израел, овој Израел сегашен на Нетанјаху, ангажирал, мобилизирал допполнителни 50.000 резервисти.

Собрал и наоружал нови воини за да ја доисчисти Газа од Палестинците.

Од нивното родно историско огниште.

Сето под изветвената и проѕирна парола “да го одвоеле милитантниот Хамас од останатото население”.

Да го одвоеле милитантниот Хамас а, демек, го прави тоа овој хавајскиот Нетанјаху.

На земјината топка, во ова време наше современо, се случува незабележан геноциден погром врз еден историски народ.

Врз Палестинскиот.

Вицот и видеото на Траммп дека на брегот на Црвеното Море ќе се градела ривиера хотелска, елитна, луксузна туристичка населба, е во фазата во која шегата луцидна станува стварност.

Трам со Нетанјаху преку Хамас тргуваат со Газа.

Тргуваат крваво со цел еден народ.

Со Палестинскиот.

Ќе граделе елитна туристичка енклава на еден од најубавите морски брегови на атрактивниот Медитеран.

Ќе го правеле тоа врз пепелта на палестинските родни огништа.

И сега прашањето за британецот Стармер, за французинот Макрон и за …, и за …, каде, на која тоа територија се пофалија дека ќе ја признаеле палестинската држава.

И со кој народ во неа.

Со американските и со европските богати туристи или со домицилните Палестинци.

Прашалните реченица не завршуваат со прашалник зашто одговорите на ваквите прашањата, завршуваат со одговорот молк.

Па сепак, и на крајот од овој кус текст, го ставам прашањето без прашалник од насловот на овој кус текст:

Ајдете сега Стармер, Макрон, Кошта, мошта, Дер Лајен, дер мајен, а и вие Владини, Невладини, за ова најновово со Газа – ќе гукнете ли.

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.