Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Ако е тоа тоа тогаш тоа е малку подло

0
By Zoran Ivanov on August 6, 2025 ИЗБОР, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Зоран Иванов

Не го бранам Бранко Тричковски. Па тоа ич па од Бранко Героски. И обратно да е, сеедно. Си умеат тоа тие самите.

Не, ниту повод ниту причина имам за тоа. Ниту па имам намера да се впуштам во некои нивни вербални пресметки. Нека си кршат глава самите. Возрасни се и не им требаат тутори.

И токму затоа и ги чкрткам овие два, три реда. За туторството. За туторството.

За туторството на Героски врз македонските литературни бардови.

За обидот на Героски да ги заштити и да ги одбрани еминентните македонски писатели од нападите од журналистичкиот поет Тричковски.

И преку таа демек одбрана, да се впушти во трик кампања со видлива намера да ја навлече македонската јавност против својот повеќегодишен остар критичар а, за волја на вистината, и негов сочен навредувач.

Инаку, на темата, просто е, многу е просто прашањето за тоа што туку му е гајле на Героски кој се` тоа од медиумите го објавува Тричковски?

И што тоа толку се потресе Героски од тоа што некои на Тричковски му удирале лајкови на неговите фејсбук постови и фејсбук текстови?

И што тоа, личните оценки на Тричковски за нашите најеминентни македонски литературни творци, најемионентни за најшироката македонска јавност и за мене, секако, го засегаат Героски?

И неразбирливо е што тоа го возбудува Героски за да се распише толку на долго и толку на широко и толку на плитко за, практично, преку својот портал да бара јавен морален линч за Тричковски поради неговите писанија за кого и да биле и` што и` да содржеле?

Па нели Македонија е демократска конституција. И македонското општество исто. Или барем посакуваме и се надеваме да биде демократско и слободно.

И нели слобода е секој да пишува за било кој. И да го напише тоа што му е промислено и да го напише и тоа што му е непромислено.

Ете јавност па нека суди за секого. За нечија и за сечија постапка. Ете и институции па и тие нека судат и нека пресудуваат.

Оттука, овие редови не го судат Героски.

Не го судат за тоа што на својот приватен портал тој, Героски, го суди Тричковски.

Туку овие редови се само обид да судат за обидот на Героски, нашите национални литературни столбови, да ги употреби како алатка со која би ја навлекол јавноста македонска да му суди и да му пресудува на Тричковски. На тој негов непријатен соговорник во македонскиот јавен простор.

Ако е тоа тоа, тогаш тоа е малку подло.

 

 

 

 

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.