Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Д-р Жан Митрев на ТВ вечерва – меѓу вистината и …

0
By Zoran Ivanov on January 16, 2026 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 16, 2026 11:16

Зоран Иванов

Го слушав предполноќно д-р Жан Митрев на ТВ Алфа за неговите почетоци, за неговите амбиции да има свој приватен објект болница за што, од тоа време на тие случувања во деведесетите, имам свој суд.
Но тоа е ептен неважно во однос на неговото вечерашно, еве со голема задршка за вистинитоста во однос на неговото субјективно елаборирање на актуелниот судски процес против него и неговата болница за, како што рече, обидот болницата да му биде откупена со притисоци, со условувања и присила.
Притоа, во наменското интерву на наменскиот медиум, за таквиот чин, кардио хирургот посочи две имиња на врвни функционери од претходната владејачка гарнитура.
Ги спомна тој или, ако воопшто добро забележав, можеби тоа беше од водителот но сеедно зашто соговорникот со гест му реагираше потврдно.
Ги посочи, практично ги обвини, Зоран Заев, тогашен премиер и Венко Филипче, тогашен министер за здравство и сега актуелен лидер на актуелната опозиција.
Е ли тој негов ноќешен исказ автентично сведоштво и зошто сега, а не е кажано, пријавено и институционализирано порано пред неговиот уште жив судски процес во јавноста познат како „нечиста крв“.
И е ли тоа во некаква сегашна дневно политичка функција, во некаков политички дил на релација актуелна власт, актуелна опозиција.
Дали докторот, како некаква присила по неговиот кредибилитет, е втурнат и во некоја актуелна меѓупартиска бездна креирана и под бекајов пеитисок од домашната и меѓународната медицинска контрола за, како што се обвинува, изнасилени, за непотребни интервенции во нашите приватни кардио хирургии, а за сметка на државниот здравствен фонд и дали ваквите околности и неговиот ноќешен ТВ исказ со тешко обвинение за лица од сега политичката опозиција, е некаков политички пазар во кој е неволно турнат во една засилена меѓупартиска пресметка меѓу власта и опозицијата.
Мачна дилема која и од него спомнатите но и од него лучно, бара објаснувања и дообјаснувања.
Што и да е, некаде има нешто многу труло па сега, сега најмалку што очекувам и на што како граѓанин најмалку се надевам, е веќе изутрина, денеска, двете посочени страни, секој од тројцата, да излезат со свои јавни реакции.
Изворот да се јави со повлекување од кажаното обвинение или пак од него обвинетите да се огласат со негирања, со контра обвинувања или барем само со обични деманти.
Во спротивно, со неверување за можна инволвираност на спомнатите, а на моја длабока разочараност и во докторот за неговиот молк досега и за евентуалното не реагирање на обвинувањата во ТВ интервјуто, ако ова моево воопшто некому е битно, мене ми е, и оваа ноќешна политичко криминална тема, ќе остане да лебди како уште една матна флека врз оваа наша уникатна и предолго мачна македонска транзиција.

 

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.