Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Lu-ping / Ех, Димитриеска Кочовска, Кочоска, а едно „извини“, пробајте, малку ќе боли ама …     

0
By Zoran Ivanov on February 28, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Не е до домашното воспитување на министерката за финансии.

Сигурно е дека убаво си ги воспитува и своите два сина иако од собраниската говорница, понесена од партиската позиција на моќ, очигледно и од актуелната доминантна државна функција, со својата непримерна ароганција на народна слугина, а како мајка воспитувач, веројатно и на децата им остави лош впечаток.

Па сепак, некако и донекаде малку од малку го поправи тоа со нејзината жртва за семејниот ручек на кој на менито наместо поскапиот грашок во конзерва, како солидарна жртва со се` понискиот стандард на граѓаните, на семејството му принесувала од поевтиниот, од замрзнат грашок.

И така некако, покриена со својот функционерски имунитет, објаснуваше од собраниската говорница на пратеничките прашања за цените и за домашната кошничка со неопходните намирници на темата за тоа како да се преживее во оваа актуелна македонска сиромаштија.

Се засегна младата жена министерка за грашокот замрзнат на сметка на конзервираниот. Ете не и` стасувале и тие плус 78% за конзервиран па принудно компензирала со замрзнат зеленчук.

Нејсе, тежок живот министерски.

Туку, за навредата кон колешката пратеничка и жена, многумина веќе кажаа доволно и тука нема што многу да се додава или одзема.

Комплекси вредносни.

Плус, карактер.

И не е до статусот актуелен, ниту до домашното воспитување за навредите.

Ниту до грижата мајчинска. За тоа најмалку.

Туку, докажано искуствено, до доктрината партиска е.

До ароганцијата партиска. До културната матрица на ВМРО-ДПМНЕ е.

Проверете на реактивните коментари за осудата на јавноста. На онаа домаќинска и непартиска. Видете за навредата на министерката врз пратеничката дека таа не била меродавна да одредува колку чини ручекот семеен зашто немала деца.

Демек семејство немала.

Ех, Димитриеска Кочовска, Кочовска, а едно „извини“.

Пробајте.

Малку ќе боли ама …

димитриевска кочовска Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.