Зоран Иванов
Партиите многу, многу да не се пенат.
Едните да не се фалат премногу со победите, другите да не се вадат премногу за поразите.
На овие вчерашни избори поразени се сите.
Сите.
Поразени се нивните партиските доверби. Кај сите.
Од 1.832.415 евидентирани гласачи, не им дојдоа на гласачките места ниту половната.
Се појавија 884.851 или само 46.48%.
Згора, повеќе од 50.000 или, прецизно, 53.713 или дури 5,7 % од евидентираните граѓани гласачи, им се појавија на гласање ама не ги гласаа.
Не само што не ги заокружија туку и ги пречкртаа.
Им удрија игнор.
53.713 им удрија игнор на програмите, на ветувањата.
На спотовите, на билбордите, на брашното, на пакетчињата …
Сите политички партии, сите по ред, добија помалку доверба од претходните избори.
Па како тргнала работава, наредните избори ДИК ќе биде принудена да ги спроведе по ЛОТО системот.
Во изборен барабан сите па, па кому иде.
Марјана, во директен ТВ пренос, ќе го забрефта тркалото, ќе ги замеша партиските топчиња, па кое ќе испадне, со какво партиско лого, изборот ќе тој.
Но за наредните меѓупартиски резултати, потоа.
Вчерашниот, Политички партии – Граѓани гласачи 0 : 1.

