Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Ни Порше` веќе не е тоа што беше

0
By Zoran Ivanov on April 5, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Кога главниот ќе те фати од сабајле недоразбуден, кога ќе те тресне од земја демек да те штеди да не се трошиш на стари години и кога тоа го прави онака умешно само нему својсвено, онака фино, благо, мелозвучно, пристојно и со грст внимание, не можеш ништо ниту да му одречеш ниту да му противречеш. Разоружан си и поразен без битка. Тука ти останува само малку на триипол да се правиш дека демек си го разбрал онака како што ти рекол.

Но, нејсе. Кажано со поинакви думи, добриот мен всушност ти вели да баталиш тоа вестите и да не му брануваш по племето редакциско. Или, поинаку, остави се` на помладите, зарем не гледаш ѕид ти прават, им расипуваш динамики, вадиси по нешто што уште во малиот мозок останало, чкрткајси коментарчиња лу- пинчиња и симнисе веќе од теренот новинарски, чучниси таму на трибините меѓу публиката и гледај си го сеирот.

Па добро. Еве нема да се мешам. Нит платформа веќе ќе отворам нит вести таму ќе редам. Сакав само да помогнам но други времиња, други технологии па и поинакви новинарски карактери.

И, ќе заборавев на лу-пингот. Лу-пинг да ама лесно му е да ми каже пиши лу- пинг. Ама нема лу-пинг кога нема тема. Нема идеја, нема тема. Нема тема, нема лу- пинг.

Главниот си мисли тоа така на копче како кај него. Тој брзо мисли и брзо пишува. Брз е и стартен како на Срѓан Поршето.

Тоа е, млдост, млади.

А ха, “млади”.

Па да. Млади. Па ете лу-пинг.

За ова, за младиве. За овие мои комшивчиња дебармалчиња херојчиња.

За нив.

Што млади ќе беа, што генерација ќе да се?

Да се немало трошка почит.

Точаци ќе возеле. Им пречело Поршето на Срѓан.

Аман бе.

Па нам не ни пречеше ни бутилката негова со милиончето или приближно до милиончето марки или евра, сеедно.

Збор не кажавме тогаш.

Нит откајмусе, нит со кого ги делеше, нит кај си ги шверцуваше.

Ништо. Си премолчивме.

А дечкиве. Девојките и дечките маалски за пет минути униформиранине исплашени од авторитети и системот со се Срѓан и Срѓан сосе Поршето, во шишето Срѓаново ги ставија. За пет минути. Сите. Онака топтан. За пет минути.

Значи можело со кукавиците. Можело.

Браво генерацијо. Ако ви треба помош само викнете и за Срѓани и за рекетарите во униформи кои по цигари и по пица ве праќаат кога по полноќ по скопскиве сокаци ве запираат за нешто ситно од прекршок со аутото. Викнете гласно и кога партискине полтрони ве зезаат по институциине атрофирани.

И пак, браво.

Ги  победивте.

По вашата маалска битка нит Поршето веќе е Порше`, нит Срѓан е веќе Керим, нит пак полицајците се веќе фраери како што ви глумат.

Не ви оставивме ништо па ќе морате се` од почеток.

Ви оствивме да средувате систем цел корумпиран. Ви го оставивме да ви натежнува на младоста . И битките што не ги докрајчивме, ви ги оставивме. Битките ваши за да и` го вратите образот на Татковината.

Само нешто се думам. Не сум баш убеден дека Срѓан и системот го разбраа бунтот ваш маалски. Засега маалски.

Не? Знаев. Џабе пишувам ама Џабир запнал.

Но добро, и Порше`, нели, веќе не е тоа што беше.

деца Зоран Иванов лу-пинг маалски порше џабир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.