НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Пензионерски самопридонес симболично во пресрет на утрешниот скопски ден на југословенската и светсаката солидарност

0
By Zoran Ivanov on July 25, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Зоран Иванов

Ова репризава на ДПМНЕ со пензииве има некаква социјална логика но за неа малку подолу.
Сега на стртот на текстов е важнно да се каже дека со ова предизборново линеарно пензиско, ем пак популистички манипулираат ем пак ги крадат пензионерите.
Ги крадат систематски и законски. За една година еве по вторпат.
Првиот, за гласови пред лани парламентарните, надвор од логиката на ПИОМ, тутнаа по 2.500 на двапати и сега, исто предизборано пред локалните на есен Мицкоски пак со наметката на Робин Худ, ќе тутне уште по илјадарка во две рати со дијапазон од пола година.
Робин Худ ама не оној Англичанецот од Шервудската туку овој нашиот од нашава шума си ги подкраднува „богатите“ да им дал на сиромасите.
Навидум фино, еднакво, социјалистички, за сите по малку.
И законски.
А всушност, насилно и неуставно.
Но ако Тој и неговите се навистина толку фини и загрижени за највозрасната и социјално најзагрозената категорија граѓани, за пензионерите со најскромни примања, тогаш ајде, наместо на сила, малку поинаку.
Во пресрет на утрешниот скопски Ден на југословенската и светската солидарност, ајде обид за малку похумано и за малку посолидарно.
Ајде, наместо да озаконувате кражба на луѓето кои 40 години штеделе, кои секој месец си одвојувале од платата и од неа си уплатувале во ПИОМ за да имаат за нивното време пензионерско, а тоа, таа нивна лична заштеда сега насила им ја тенчите, практично им ја крадете од контото на нивните лични пари, пробајте, од позицијата на која актуелно сте, окуражете се и предложете, на пример, од вашите функционерски 78%, еве одредете … %, сума која постојано, секој месец, на секоја исплата на вашите 78% плати, … % ќе се слеваат во посебен социјален и солидарен фонд за пензионери со потпросечни пензии.
И не само вие од клубот 78%, туку и сите ние останати кои, сепак, во ова скудно време на ненормална скапотија, имаме нешто, бар нешто макар малку над просечното, нешто бар малку од малку по подносливо во овие наши и во Европа најбедни македонски егзистенцијални состојби.
И, натаму, ајде со вас функционерите избрани и именувани, еве и ние пензионерите што имаме макар денар плус над просечната пензија, за таков еден солидарен и хуманитарен пензионески фонд за социјално најзагрозените, да дозволиме државата редовно месечно да ни симнува по некој разумен процент за реално и континуирано да може да им се помогне, да се санира или барем елементарно подносливо да се одржува социјалниот статус на пензионерите со најниски пензии.
На оние наши сограѓани пензионери транзициски кои не по своја волја и не по свој избор, им беше наметнат нечовечки социјален статус.
И важно е, еден таков солидарен систем да се озакони.
Ајде креативно наместо насилнички.
Ајде некаков таков модел, некакво такво правно и трајно издржано солидарно решение.
Ако мора, ајде и реферндум.
Барем ќе видиме колку тоа, освен на Фејсбук, е хумано македонското општество кое и во Уставот, нели, е запишано како социјално.
Се разбира, наивно е ако сите пензионери со ниски пензии се ставаат во иста категорија. Меѓу нив, токму поради таквите тогашни времиња транзицики, има и од оние кои во зенитот на сивата економија во 90-сетите, намерно или по силата на тогашните околности, работеа и фино заработуваа надвор од системот.
Кои во сивата економска зона тераа некои свои бизниси и светли и матни и кои остваруваа и енормни заработувачки од кои стекнуваа имоти, градеа куќи, летуваа на море. И меѓу нив има и такви социјално надмоќни типови кои павтаат со своите ниски пензии и кои ќе ги видите дури и на разните полу пензионерски, полу партиски протести.
Но да се вратам на претходната категорија пензионери, на оние чесни работнички и работници домаќинки и домаќини на кои олигарсите и тајкуните им го разграбаа заедничкиоот имот и ги оставија без работа и без пензиски придонеси за денес да им биде како што им е, но и на оние кои за потребите на своите стари години, плански си плаќаа и даноци и си штедеа преку месечните пензиски придонеси кои ДПМНЕ и дружбата сега им ги узурпират, им ги подкраднуваат. Го прави тоа со нивните заштеди во ова и за нив скудно време за кое години наназад си плаќале придонеси со надеж за пристојно социјално стареење.
Мицкоски и ДПМНЕ, немате право да грабате од нивните приватни, од нивните лични заштеди.
Предлогот погоре во текстов е можеби и волунтаристички и идеалистички и фантазерски и неостварлив.
Но ајде, без брзање со заклучоците. Дајте други солидарни решенија но без грабање туѓи пари за изборни гласови.
Во пригодава само потсетување дека во минатото истото ова општество, истите овие граѓани, умееја да се и солидарни и хумани. Државата, системот, под некакви идеолошки притисоци или искрено или пак само
од некакви прагматични побуди, сеедно, наоѓаше решенија за наменски социјални фондови или за инвестициски самопридонеси.
Но помина тоа време. По него дојдовте вие и еве ви шанса да креирате ваши хумани, солидарни модели и егзистенцијални решенија.
Не со грабање туку со разбирање.
Ајде пробајте малку рикверц. Малку земете нешто од минатото. Не многу, но барем само тоа хуманото, макар само тоа социјално солидарното.
Тоа е примарната иницијатива на овој текст, на овој lu-ping.
Знаејќи ви го менталитетот партиски, не се сомневам дека епилогот ќе биде идентичен како насловот на оваа новинарска рубрика.
Па сапак, пробајте.
Идејата е можеби пренаивна но, во некоја форма, можеби е и остварлива.
За мојот дел, за мојот скромен социјален придонес, за процентот од мојата месечна пензија еве, во овој ред од овој текст, ја давам мојата согласност.
Сега ајдете и вие. Ајде пробајте да искреирате модел со солидарни решенија.
Сторете нешто несебично. Нешто за похуман, за посоцијален, за по фер амбиент за сите во оваа наша мала Татковина.
И доста со насилие.
Запрете со популизмите врз туѓ грб и запрете со буричкањата по туѓите џебови.
Ајде, конечно, брцнете и во вашиот.
Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

ВЕСТИ August 1, 2025

Најмалку 28 лица се убиени во вчерашните руски напади во Киев, според ново ажурирање од…

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Хамас објави видео од израелски заложник

August 1, 2025

Вашингтон: САД воведоа санкции врз преставници на Палестинската самоуправа и ПЛО

July 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.