Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / За Бранко и за фотото од Охрид

0
By Zoran Ivanov on October 20, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Немав некој посебен предизвик да кажам збор, два за охридската фото случка со Бранко и тамошниот Пецак ама понкогаш пука филм од реакции на меѓу партиски сончогледи, полтрони, лиценмери, клиенти, калкуланти …

За Бранко како карактер, како човек и човечност, за тоа во наврат, два, имав можност одблиску да бидам сведок.

За неговите политички вештини, успеси, неуспеси, судат изборите, хроничарите, а ќе просуди и партиската и политичката историјата.

За него останува фактот дека, за разлика од сите, без исклучок, од сите

други македонски премиери по него, единствено зад неговата политичка кариера, не се влечат криминални опашки.

Не се влечат ниту банки македонски ниту окти грчки нити штрафови тенковски ниту плацеви водњански ниту волтаици сончеви ниту централи водени, ниту …, ниту ходро мали ниту хидро големи ниту бутур.

Ништо од тоа што ги краси сите други негови премиерски па и претседателски наследници.

Кај вториве титулари, за него нити американски шевролети ниту овдешни станови.

Ниту, колку што знам, некаков бизнис градежен, на пример, почна ниту, земји од поранешни комбинати поседува, ниту во багажник кидна.

Толку знам, а ако знаете за друго, ако имате нешто плус од политичките медиумски кампањи, ете ви го ЈО.

И сега и на ова реагирајте, негирајте аме пробајте без злоба и со факти кои веќе сте ги доставиле до надлежните институции. Се’ друго и се’ поинаку ќе се само уличарски политикантски етикети.

Со човекот бевме работно и на на Вие, не сме се виделе од времето на кусите соработки, и ете, тоа е тој репер што ми дозволува овде да кажам дека ви е перфидна “9-ката” за која наводно за локалниве 2025 се закачил Бранко.

Не, џабе ви е таквата кампања зашто, колку што го знам, еве, само површно па сепак, колку што можам да проценам, Тој нема да ислезе од своите изворни СДСМ-овски чевли.

Патем, секоја негативна реакција на текстов, гледајте

да не излезе од некакви ваши минати партиски или, сеедно, политички ситуации, од некои лични кариерни фрустрации.

Го нагласувам ова ослободен од фактот што ниту сум бил ниту ќе бидам во политички партии и, оттаму, и ми припаѓа слободата за овие редови.

И посебно, ова не е место за коментари за себичните кариеристи кои очекувале, се надевале, се гребеле за лични бенефити од блиските ситуации со личноста што е тема на текстов.

А СДСМ, СДСМ со Бранко или СДСМ без Бранко, претпоставувам, се надевам, сакам да верувам, ќе си го продолжи својот европски пат, својата исконска про ЕУ битка, битка за ЕУ вредности и битка за нужните за ЕУ интеграции.

Жално но засега на повидок нема друга политичка сила која е безрезервно, која е без популистички, без себични, без пресметливи лични калкулации настојчива за тој и за таквиот ЕУ пат.

А друг пат, пат за Македонија од овде, од Балканов, нема.

Ако има, бнујрум.

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.