Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љубчо Георгиевски со предлог како да се реши спорот со Бугарија

0
By Нова ТВ on February 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, на Фејсбук го коментараше актуелниот македонско-бугарски спор, за кој вели дека е влезен во ќорсокак. Тој дава предлог како да се реши спорот, и да не се создава омраза меѓу двата народи. Вели дека земјава треба да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија. Според него, во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија. Георгиевски вели дека погледнато од Скопје, Пиринска Македонија секогаш била Источна.

„Северна Македонија да даде гаранција (најверојатно тоа ке биде шести пат, три пати во контекст на Грција и трет пат специјално за Бугарија) дека како држава со ништо нема да ги помага и подржува организациите кои бараат македонско малцинство во соседна Бугарија. Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ке изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944, и дека Бугарија со ништо не ги прифака тезите за кои смета дека се фалсификат и ја подржува бугарска историографија во одбрана на својата вистина. (Оваа теза во Бугарија можеби ке биде прифатена како политичка игра тоа не е така, само ја нудам српската стратегија како тие ги решаваат нивните проблеми. Имено Србија го има истиот проблем со хрватскиот јазик, со босансктаа и црногорската нација и јазик, па дури и со македонскат нација и јазик. Но, Србија политички ги има признаено сите четири нации и јазика дури и на својата територија. И хрватскиот и црногорскиот и босанскиот и македонскиот се службени јазици во повеке српски општини. Ама српската наука историографија, лингвистика не го признава тој факт и секојдневно се бори со аргументи. Истата приказна е и со Македонија. Политиката максимално ја дава поддршката за македонска нација и јазик ама секоја година се печатат книги за Македонија како стара Србија, како ја ослободиле Македонија во балканските војни. Книги за српски манастири и цркви од време на Средновековието, а изгледа ги има доста. Да не спомнувам пак дека за Српската црква ние сме тотално Срби, а изгледа дека БПЦ ги поткрепува во таа намера.)“, пишува тој.

Вели дека заедничката историска комисија треба да ја измени малку стратегијата, така што ќе се објават сите пет веке потврдени личности плус Гоце Делчев како општ, заеднички без многу детали и плус Глигор Прличев за кого прво се согласиле, па бугарската страна се повлекла.

„Да се утврдат уште десет или петнаесет настани кои се општи без многу големи тектови и објаснение и да почната да слават заедно. Може и сто и петнаесет ама тогаш политичарите само од прослава на прослава треба да одат. Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се се избришат без да се чека општата дискусија. Да се направи нова специјална комисија која ке работи под најбрза постапка за прогонот и убиствата на Македонци со бугарска национална свест. Според бугрски извори 30.000 убиени и 120.000 малтретирани. Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарска јавност. Но и 1200 да се демократија треба да објави на виделина. Македонската страна да се задолжи во сите историски книги независно од државен или приватен издавач точна да го дава преводот посебно каде писателите пишувале Македоци или Бугари. Секој фалсификат да биде финансиски санкционран. Македонската историографија да ги корегира и да ги даде вистинските имиња на институциите, на пример Народна Федеративна Партија??? Македонската историографија да ги потполни важните биографски моменти на важнили личности. На пример фактот дека Гоце,Даме, Горче и стотици други биле учители на бугарската егзархија не е мала работа која ја криеме.
-И конечно имам и предлог со кој може да го затвориме и проблемот со јазикот“, пишува Георгиевски.

Вели дека македонската страна треба да признае дека целата македонска преродаба се обидувала да создаде заеднички јазик со бугарскиот, но врз база на македонските дијалекти, но бугарската интелегенција поради кратковидост кодифицирала јазик само врз база на северозападните дијалекти со штоа го отвориле патот на македонскиот јазичен сепаратизам.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.