Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љубомир Костовски: Македонските национални телевизии – зона на еднонасочна идеолошка радијација

0
By Marija Todorovska on February 12, 2024 ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во зоната на идеолошката радијација, телевизиите просто ги распостилаат своите капацитети и слепо се држат до директивите на еден политички штаб. Тоа се прави толку долго, без оглед на моменталната политичка фортуна, што три дена однапред за секој внимателен проследувач на програмите  е предвидливо кои ќе бидат главни гости по сите телевизии, што ќе ги прашуваат гостите во студиото или преку т.н. „Хајд парк“ контактни емисии, што се очекува да биде одговорот, кои ќе бидат темите што одговараат на насоките на една партија.

Ја знаете веќе онаа легендарна анегдота, кога директорот на една од телевизиите со национална фреквенција (Алфа, за која дибидус не се знае како дојде во тоа друштво) го прашува главниот уредник зошто постојано доцнат вестите во 14 часот, а одговорот гласи – не го добивме распоредот на вестите од партијата. Значи сѐ си било средено, содржински и по ликовите кои ја одредуваат таа содржина, но битен е и редоследот… какво „хармонично“ средување на медиумскиот простор! Па таква идила имало само во оние општества каде на времето постоела само една радио станица, а евентуално и по еден, два весници. Ама, вака униформно да ги средите медиумите (со мали исклучоци) во општество што се нарекува плуралистичко, тоа е навистина мајсторство на носителите на предолго заробеното општество.

Ова лесно се објаснува со фактот дека во малиот базен со многу крокодили (медиуми што „треба“ да опстанат), водата ја пуштаат дузина најбогати луѓе. Тие не само што ги контролираат политичките процеси, а секако и коморите, удобно се седнати и во „третата власт“, туку ја користат „седмата сила“  како клучна алатка за да ја остварат таа своја цел. Тука влогот многу бргу се враќа.

Главната цел на таа дузина моќници е поврзана со одбраната на нивната монополска позиција во однос на државните фондови, инвестициите, грабање на заостанатите долгови кон земјава од пред транзицискиот период и низа други богати извори. Линк

Љубомир Костовски Македонски национални телевизии моќници политички партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.