Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љубомир Костовски: Македонските „објективни“ телевизии и случајот ТЕ-ТО:

0
By Marija Todorovska on February 12, 2024 ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постоеше еден проект во времето на Груевски, со прашање за сопственоста замаглено до крајност. Се велеше дека инвеститорот е Русин, кој стопанисуваше со нашиот и онака редуциран гас што пристигнуваше од Русија преку Бугарија. Се однесуваше како недопирлив странец. Си ја нудеше струјата на пазарот и ние никогаш не можевме да сметаме на него. Го немаше ни во билансите.

Дали за оваа продавање на енергетската независност изјави нешто сегашниот главен критичар на енергетските проекти, проф. Константин Димитров? Не се сеќавам на такво нешто.

Но секако може да се насети кој навистина стоеше зад проектот ТЕ-ТО. Тоа е оној објект што требаше да ни донесе ладни радијатори онаа зима, кога на Мицковски не му успеа пучот во Парламентот со преземање на мнозинството во него.

ТЕ-ТО беше планот Б на Мицкоски во тој миг! Професорот, пак, иако постојано е во својот сектор, се вклучува со далечински управувач: има за него доволно планови. А и секогаш може да смета на македонските медиуми во густо напишан распоред на поддршка.

Владата на Ковачевски, во еден пресуден миг, го пресече прашањето на сопственоста, како Александар Велики Гордиевиот јазол. Сопственикот на ТЕ-ТО (кого никој не го запозна саглам) го остави изворот на топлината на скопјани без пари и гориво, ја загуби како објект кој заминал во непознат правец, па државата ја презеде во кус рок и го спаси енергетскиот биланс на земјата!

Нашите телевизии, без никаков исклучок, целосно ја игнорираа американската црна листа. Јасно, тоа за нив не беше тема. Имаше ли „кодови“ за да се испитаат мотивите во кроењето на тие листи? Па јасно, односот кон оние од листата е некаков микс од страв и чекање на ситни пари кои треба да ги добијат. Па и да не ги добијат, тука е клучната финансиска помош за партијата на Мицковски, тогаш кога треба. Се разбира, листата не е така куса. Но сѐ оди според логиката дека подобро е да се заборави темата, а во таа насока не е најдобро да се чепка во бизнисите на оние ликови кои дури и кога се скржави „добротвори“, сепак, се некакви добротвори.

Дневните примери се бројни, ако говориме за видливо сценарио на погодување на ќеифот на една партија и нејзината коалиција. Штрајкот на студентите, на пример, долго беше најавуван и тоа со измислена вест дека владата ќе воведе школарина за студентите на државните факултети. Тоа требаше да биде фитилот за да се предизвика незадоволство, како во времето на Груевски, кога причините за незадоволство беа повеќе од очигледни и реални. 

Линк

Љубомир Костовски Мицковски МОН телевизии Штрајк на студентите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.