Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Луѓето со посебни потреби ќе го добијат додатокот за мобилност

0
By Менче Атанасова Точи on December 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Луѓето со посебни потреби кои се сместени во институциите ќе го добијат надоместокот за мобилност од 7000 денари назад, откако државата им го укина во мај годинава. Триесетина луѓе од Заводот во Бања Банско кои се со тежок инвалидитет четири месеци нестрпливо очекуваа да поминат измените во Законот за социјална заштита, со кои повторно ќе им биде вратен надоместокот што им беше укинат, а по нивната реакција во некои медиуми министерот Спасов во септември вети дека ќе го добијат назад.

Станува збор за млади луѓе кои се врзани за инвалидските колички, со тежок физички инвалидитет или се слепи, а паричната помош ја добиваа за да можат да излезат надвор од установата, за социјализација и инклузија во надворешниот свет.

-Паричните средства за додатокот ќе можат да ги добијат од денот на стапување на сила на Законот, односно осум дена по излегување во Службен весник велат во Министерството за труд и социјала.

Од таму потенцираат дека корисниците, додатокот за мобилност нема да го добијат ретроактивно, туку од денот на поднесување на барањето, со конзилијарно мислење од тројца лекари-специјалисти и одобрено од првостепена комисија која го утврдува видот и степенот на оштетувањето.

Паричниот додаток беше укинат со образложение дека оваа помош не им следува на луѓето кои се сместени во институции, туку само на тие кои престојуваат во своите домови, а се исто така со тежок инвалидитет.
Собранието денеска на 80-тата. седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита чија цел е подобрување на социјалната заштита на глувите лица преку воведување право на додаток на глувост и воведување на категоријата лица со квадриплегија во остварувањето на постојното право на додаток за мобилност.

Со измените глувите лица ќе добиваат 4.000 денари месечно, а ќе висината ќе се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.

Правото на додаток за мобилност се обезбедува и за лицата со квадриплегија над 26-годишна возраст, чиј што вид и степен на попреченост е утврдена со наод, оцена и мислење на надлежен стручен орган. Ова право во номинален месечен износ ќе биде 7.000 денари, усогласен со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.

Со предложените измени и дополнувања се предвидува и остварување на право на парична помош од страна на самохран родител кој што ќе се грижи за своето дете кое има пречки во развојот во континуитет од 15 години, без тоа да биде сместено во установа за социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по навршени 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж.

Висината на паричниот надоместок ќе изнесува 8.000 денари, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година.
Со измените се врши и зголемување на висината на социјалната парична помош и постојаната парична помош за 5 проценти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.