Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: Имаме законска надлежност да водиме постапка за имот на лица чие потекло не може да се докаже, од неа не се изземени вработените на УЈП

0
By Соња Крамарска on June 23, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соочена со закани од генерален штрајк кој реално може да предизвика колапс на економското работење, директорката на УЈП Соња Лукаревска во интервју за „Локално“, изразува верба дека сепак ќе се најде заедничко прифатливо решение.

Ситуацијата во којашто е таа сепак е далеку од розова.

„Воопшто не е пријатно да се  раководи со институција во која вработените искажуваат незадоволство особено што и јас пред да станам директор на УЈП, дојдов баш од редот на вработените и заеднички се залагавме за подобри права на вработените“, вели Лукаревска.

Посочува дека уште од почетокот е вклучена во процесот на договарање за склучување на нов Колективен договор на УЈП , изодувајќи ги  сите чекори заедно со претставниците на репрезентативниот синдикат на УЈП, па во оваа насока нејзината подршка продолжува.

Според неа, институцијата до овој момент  не се соочува со позначителни проблеми и реакции од страна на даночните обврзници. Во пракса тоа значи дека, јавноста  е запознаена со  периодот и времетраењето на  прекинот на работа во кој не можат да ги добијат потребните услуги.

Сепак, вели Лукаревска,  веќе се чувствува нивната загриженоста за најавениот генерален штрајк од страна на Синдикатот на УЈП што би значело целосен прекин на работењето во УЈП.

Во однос на сугестијата на премиерот Ковачевски директорите на УЈП и Царина  да изнајдат модел за проверка на имотна состојба на вработените, директорката Лукаревска вели:  „Сметам дека вработените не би имале против и би ја поддржале оваа иницијатива. Управата за Јавни приходи има законска надлежност да води посебна постапка за  имот на физички лица чие потекло не може да се докаже, од која не се изземени и вработените во Управата за јавни приходи“.

Лукаревска во и интервјуто одговори и на конкретните прашања околу штрајкот:

Предупредувањата за генерален штрајк на 27 јуни стануваат се пореални. Колку сме како држава подготвени  за сите последици кои предвидуваат не само нарушување на исплатата на платите и пензиите туку и блокирање на бизнис секторот и повратот на данок?

-Управата за јавни приходи е институција која преку собирање на даноците обезбедува средства за финансирање на функциите на државата и задоволување на општите и заеднички потреби на целокупното општество. Исто така има есенцијална улога во повеќе економски сегменти од кои зависи поголем дел од функционирањето на стопанството и воопшто економијата во земјата. Како институција која има дигитализирани услуги може да одговориме на потребите на корисниците на услугите, но сепак за да се финализира целиот процес неопходен е човечки фактор. Во  таа насока сакам да истакнам дека даночните службеници се значајна алка за правилен тек на фискалната политика во државата.

Пред неколку дена изјавивте дека сте против ваквите ригорозни чекори бидејќи носат несогледливи последици. Колку според вас има сеуште простор за да се примени вашето решение да се почека Општиот колективен договор имајќи ја во предвид нетрпеливоста на вработените.

-Воопшто не е пријатно да се  раководи со институција во која вработените искажуваат незадоволство особено што и јас пред да станам директор на УЈП дојдов баш од редот на вработените и заеднички се залагавме за подобри права на вработените. Уште од почетокот сум вклучена во процесот на договарање за склучување на нов Колективен договор на УЈП и ги изодевме сите чекори со претставниците на репрезентативниот синдикат на УЈП. Мојата поддршка продолжува и понатаму и се надевам дека ќе најдеме заедничко решение прифатливо за сите засегнати страни.

 Основниот аргумент на синдикатот е незадоволството поради зголемување од 78% на платите на функционерите но и покачување од 30% коишто  го добија вработените во Министерството за финансии. Кој би бил контра аргумент особено ако се има предвид фактот дека синдикатите не се согласуваат со предлогот платите на вработените да се зголемуваат до 2028 година за на  крајот да дојдат до покачен износ од 7000-7500 денари?

-Даночните службеници согласно Закон за Управата за јавни приходи се административни службеници со посебни должности и овластувања и платата се утврдува со Колективен Договор на ниво на работодавач. Во оваа насока беа водени и преговорите со репрезентативниот синдикат на УЈП и неблагодарно е да се впуштам во прејудицирање на исходот од општото колективно договарање и што истото би значело за Управата за јавни приходи. 

Премиерот Ковачевски сугерираше дека директорите на УЈП и Царина треба да изнајдат модел за проверка на имотна состојба на вработените. Како планирате да го спроведете ветингот какви се реакциите на вработените за ваквата можност?

-Сметам дека вработените не би имале против и би ја поддржале оваа иницијатива. Управата за Јавни приходи има законска надлежност да води посебна постапка за  имот на физички лица чие потекло не може да се докаже, од која не се изземени и вработените во Управата за јавни приходи. 

Предлог е и да се воведе систем на перформанси кој колку придонесува во работата? Кога може да се реализира мерливоста на придонесот во работата.

–Во Управата за јавни приходи има воспоставен систем на мерење на учиноци на вработените а исто така и систем на  нивно годишно оценување.

Вработените од УЈП од 15 јули  секој ден од 10 до 12 часот штрајкуваат без да ги извршуваат своите обврски од работно место. Дали овој начин на револт ги појави првите проблеми и нервози особено ако се има предвид дека веќе неколку дена не функционира електронскиот систем за наплата на даночните обврски?

-До овој момент не се соочуваме со позначителни проблеми и реакции од страна на даночните обврзници. Со оглед на медиумската покриеност на случувањата во УЈП, јавноста  е запознаена со  периодот и времетраењето на  прекинот на работа во кој не можат да ги добијат потребните услуги. Но веќе се чувствува нивната загриженоста за најавениот генерален штрајк од страна на Синдикатот на УЈП што би значело целосен прекин на работењето во УЈП.

Поранешната директорка на УЈП Илиеска вели дека бројките за повисоки нето и бруто плати се далеку од фалење бидејќи вредноста на платата е помала. Ве молиме за ваш коментар на ваквите обвинувања.

-Она што Владата изминатите години го направи во делот на зголемување и на минималната плата и просечната плата беше поздравено од страна на работниците а сите процеси се водеа заедно со Синдикатите и ниту едно законско решение не беше донесена без заедничко усогласување. Тоа заборува за начинот и политиките со кој се третираат работниците нивните права и претставниците кој ги бранат правата на работникот.

извор: Локално

Сања Лукаревска УЈП штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.