Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: Парламентарното мнозинство на СДСМ ќе се зајакне, со Алтернатива имаме заедничка заложба во евроинтегративниот процес

0
By НОВА ТВ on November 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Парламентарното мнозинство на СДСМ ќе се зајакне, ќе се зголеми уште повеќе, а со тоа ќе можеме да одиме понатаму, напред во сите оние процеси коишто стојат како предизвик на државата и на владата предводена од СДСМ. Ова во емисијата „Трилинг“ на ТВ24 го рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

– Со Алтернатива имаме заедничка заложба, а тоа е евроинтегративниот процес. Алтернатива го препозна прогресивното функционирање во државата, и се она што и досега беше заложба на СДСМ. Во наредниот период сите нејаснотии и дилеми, сите непознати во равенката ќе бидат расчистени. Најпрвин да ги видиме сите ефекти што ќе произлезат од средбата на претседателот Заев со претседателот на Алтернатива и од таму ќе можеме да ги црпиме размислувањата понатаму, рече Лукаревска.

Таа истакна дека треба да се остави времето да покаже, да не се оди со хипотетички размислувања, пред се  е битно да се задржи она што значи државно владеење како што доликува на една земја кандидат за членство ЕУ, земја интегрирана во НАТО.

– Првенствено е да продолжиме да функционираме и во вакви услови бидејќи има светски проблеми кои ги засегаат сите земји, не само нашата држава, и сето тоа да успееме да го изменаџираме успешно, како и досега, рече Лукаревска.

Во врска со оставката на претседателот Заев, Лукаревска рече дека раководството на СДСМ нема да калкулира со било какви имиња, рокови, а кога ќе дојде повторно на дневен ред оставката секако дека ќе почнат оние процедури, кои доликуваат на една демократска партија, преку правилници, критериуми, низ демократски процес за избор на нов лидер.

– Го видовме неуспешниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за недоверба на Владата и сега е можност за она што беше нереализирано да се реализира, во владината програма, заедно со уште поголемо и посилно парламентарно мнозинство, тоа го очекуваат граѓаните, порача Лукаревска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.