НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Луксембург ќе биде втора земја во Европа, по Малта, која ќе ја легализира марихуаната

0
By Sashko on June 16, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Луксембург ќе стане втората земја во Европа, по Малта, која ќе го легализира одгледувањето канабис за лична употреба и конзумација, но не и за поседување или продажба, пишува Н1.

Министерката за правда, Сем Тансон претстави предлог-закон со кој на сите жители на Луксембург ќе им се овозможи да одгледуваат до четири растенија дома, но исто така истакна дека тие не смеат да бидат на видно место. Тансон додаде дека со новиот закон ќе се дозволи и консумација на марихуана, но само дома, додека на јавни места и натаму ќе биде забранета.

„Легализацијата на одгледувањето и приватната потрошувачка е првиот чекор во рамките на концептот за борба против нелегалниот пазар и нелегалната трговија со канабис“, се вели во презентацијата на Министерството за правда.

Казните за поседување до три грама канабис ќе бидат меѓу 25 и 500 евра, што е значително намалување од сегашните казни од 251 на 2.500 евра. Исто така, полицијата ќе изрече опомени до прекршителите, нема да се поведува прекршочна или кривична постапка и поради тоа казната нема да биде запишана во досието.

Но, за поголеми количества канабис, можно е да се изрече значително повисока парична казна, но и затвор, бидејќи лице со повеќе од три грама ќе се смета за дилер.

Олеснувањата предвидени со новиот закон не важат за малолетници на кои полицијата веднаш ќе им напише пријава и ќе ги испрати до надлежниот обвинител.

Откако Владата го презентираше предлог-законот, тој беше испратен во парламентот на разгледување и усвојување. Пред гласањето ќе биде потребно ново мислење на Државниот совет за усогласеноста на предлог-законот со Уставот на Луксембург, меѓународните договори и други закони.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.