Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Lush продавниците започнаа кампања за општо прифаќање на ЛГБТ правата

0
By Нова ТВ on June 26, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 25 jуни 2015, 825 Lush продавници насекаде низ светот започнаа кампања која што ќе трае две недели за општо прифаќање и еднаквост на ЛГБТ правата како основни човекови права. Во продавниците потрошувачите ќе бидат прашани “Што ако вашата љубов е илегална?”- и ќе бидат охрабрувани да објавуваат “selfie” фотографии со производот наменет за собирање на средства за целите на оваа кампања – златен сапун намирисан со добро познатиот Lush мирис Love – кажувајќи му на светот зошто тие мислат дека #GayIsOK.

Со купување на производот кој што за оваа пригода е наречен Love soap (395 ден за парче од 120гр), вие ќе ги подржите ЛГБТ групите кои се борат за рамноправност ширум светот.

#GayIsOK кампањата има за цел да собере 250,000£ со продажба на Love soap. 50,000£ ќе бидат донирани на All Out за нивните кампањи насекаде низ светот. За остатокот ќе ги повикаме сите ЛГБТ групи да се пријават за грантови до 10,000£ преку интернет страната на All Out.

– Нашите вработени и нашите клиенти се многу страстни кога станува збор за ЛГБТ темите – дојде време да направиме една глобална изјава. Правата на хомосексуалците не се опција тие се основно човеково право, вели Алесандро Комисо од Lush.

Извршниот директор на All Out, Андре Бенкс, додава:

“All Out има 2.2 милиони членови кои секојдневно градат свет во кој никој не треба да ја жртвува својата слобода и достоинство само поради тоа кој е или кого сака. Благодарејќи на Lush, ние сме сигурни дека милиони веќе знаат за оваа криза на човековите права – и потребата за обезбедување на средства за овие групи кои се борат за љубов и еднаквост шуирум светот.”

Кампањата #GayIsOK ќе се одвива во 825 Lush продавници и на Lush Online од 25 Јуни – 5 Јули 2015, започнувајќи со 24 часовни маратонски активности насекаде низ светот.

Оваа кампања има за цел од 5 Јули да ја пренесе пораката #GayIsOk до 10,000,000 луѓе преку социјалните мрежи.

Зошто се испраќа ова порака?

Во некои делови од светот, во однос на еднаквоста се направени многу големи чекори нанапред. Но во други, неколку чекори на назад.

Во 76 земји е криминал да се биде хомосексуалец. Во 10 тоа може да ве чини дури и живот.

Не постои земја во светот каде што лезбејките, хомосексуалците, би или транс луѓето имаат еднакви права.

2.8 милијарди луѓе живееат во земји каде што “отвореното“ живеење значи и жртвување на вашето семејство, слободата, безбедноста и достоинството.

Во 2013 и 2014, Lush запопчна со кампањата “Sign Of Love“ –кампања за подигнување на свеста за правата на хомосексуалците на глобално ниво. #GayIsOK е следен чекор на нашата континуирана посветеност кон еднаквоста.


Со приклучување кон кампањите на All Out , еве за што би се залагале:

-Укинување на сите закони со кои да се биде хомосексуалец е илегално
-Заштита на сите фамилии
-Запирање на анти-геј и анти-транс дискриминацијата и насилството
-Сите луѓе слободно да го идентификуваат нивниот пол без страв
-Овозможување на Лезбејките, хомосексуалците би и транс луѓето и нивните пријатели и семејството да зборуваат за еднаквоста отворено и сободно.

За Lush

Уште од своето основање пред 20 години Lush е компанија водена од иновации и нивната етика. Lush измислува и произведува свежа рачно правена козметика како: шумливи топки за во када, таблети за миење на заби, тврди шампони… Lush води строга политика против тестирање на животни и подршка на на заедници за фер тргување насекаде низ светот, воспоставувајќи пионерски проект пред 5 години наречен “Одржлив Lush Фонд“ посветен на регенеративно работење.

Воспоставувањето на строга политика против тестирањето на животни доведе во 2012 година Lush да воспостави “Lush награда“ која изнесува ¼ милион фунти годишно за секој што ќе направи значаен придонес во одстранувањето на животните од тестирање. Lush е кампањска компанија која што редовно ги отстапува своите 935 излози од продавници во 51 земја, на мали групи и организации кои што работат во областа на човековите права, заштита на животните и животната средина. Целта е да им се обезбеди простор и право да се искажат сите оние кои се обидуваат да бидат слушнати.

Lush во 2014 е добитник на “Best in Business Award“ редовно организирана од “Which?“ магазин.

За All Out

Во 76 замји е криминал да се биде хомосексуалец, во 10 може да ве чини дури и живот. All Out мобилизира милиони луѓе и нивните социјални мрежи за да изгради глобално движење за љубов и еднаквост. All Out ги предизвикува дискриминаторските закони, ги менува ставовите во секој регион и ги обезбедува потребните ресурси за активистите кои се во првите борбени линии и ги ризикуваат своите животи борејќи се за љубов и еднаквост.

Нашата мисија е да изградиме свет каде што ниту едно лице нема да биде приморано да го жртвува своето семејство или слобода, безбедноста или достоинството поради тоа које или поради тоа кого сака.

All Out е интернационална организација со вработени во : Њујорк, Бостон, Лондон, Парис, Буеанос Аирес и Бело Хоризонте.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.