Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лустрација: Реакција на семејството на Славко Јаневски

0
By Нова ТВ on June 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Семејството на писателот Славко Јаневски денеска излезе со реакција дадена за НОВА, на одлуката на Комисијата за лустрација:

“Реагираме пред се, поради тоа што оваа одлука е донесена постхумно, односно без право на лично мислење и право на одбрана на Јаневски.

Со оглед на тоа дека актуелниот наслов на Законот за лустрација се однесува на вршење на јавни функции во моментов или во иднина, затоа што идејата е да се спречи вршење на функција со која би се кршеле човековите права, одлуката на Комисијата да биде лустриран поранешен носител на јавна функција станува апсурдна.

Славко Јаневски е автор на првиот роман напишан на македонски јазик, еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија, еден од основачите на МАНУ, директор и уредник на Издавачката куќа “Македонска книга”.

Семејството го опишува Славко Јаневски како човек кој секогаш сакал да помогне, на што е засновано и целото негово литературно творештво и сигурно не би го погазил со вакви активности за кои е обвинет. И конечно, не му е дадено основното цивилизациско право да се одбрани од ваков тип на клевета.

Ве потсетуваме на стиховите на писателот Славко Јаневски, со кои како да го предвидел и линчот врз себе после 13 години од смртта.

Јас не знам дали сум добар Македонец,

Арен Македонец,

Што изел Македонец,

Та не знае дали 1+1 е Македонец

Или 2-1 е Македонец.”, се вели во реакцијата на семејството на великанот на македонската книжевност Јаневски.

Oваа реакција доаѓа по информациите за лустрација која се однесува на поранешен академик и писател.

Иако лустраторите не го кажуваат неговото име, сепак, според назнаките кои се дадени станува збор за академик и писател познат по делото „Селото зад седумте јасени“ чие досие го носи името „Славјан“.

Покрај него лустрирани се уште 15 лица. Еден од оваа група лустрирани е починат.

Членот на лустрациската Комисија Чедо Дамјановски за НОВА изјави дека ваквите потези се спротивни на одлукатa на Уставниот суд- поранешни, починати функционери да се лустрираат, додавајќи дека вчера Советот на Европа ги критикуваше македонските власти затоа што не се почитува одлуката на Уставниот суд.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.