Прекината седницата на Комисијата за верификација на фактите на чиј дневен ред била точка за објавување на досијата на жртвите, дознава НОВА.
Членот на Лустрациска комисија и единствениот опозиционер Чедо Дамјановски ја напуштил денешната седница на комисијата во знак на протест поради тоа што останатите членови сакале да бидат објавувани досиејата на жртвите.
Со ова, како што вели Дамјановски за НОВА, се врши непочитување на законите. Според него ваквата одлука е противзаконска односно спротивна на Законот со кој се регулира објавувањето на соработката со органите за државна безбедност.
„Онаму каде што содржината од документите можат да предизвикаат сериозно кршење на правата и интересите на трети странки, чии имиња се спомнуваат во документите и притоа не постои писмена согласност од нив или од нивните наследници, ќе биде направена копија од документите без податоците за третите странки.“
Без Дамјановски одлуката за објавување на досијата на жртвите не може да биде ставена на гласење.