До крајот на денот Комисијата за верификација на фактите целосно ќе ја заврши обврската да ги прочисти кандидатските листи доставени од 80 Општински изборни комии плус Градот Скопје кои се испратени на разгледување Агенцијата за разузнавање, УБК, Архивот и Военото разузнавање, информираат од комисијата.
Според изјавата на потпаролот на Комисијата Предраг Димитровски доколку четирите надлежните институции утврдат дека некои од кандидатите минува низ нивната евиденција се должни да ја известат Комисијата и целата документација за тоа лице да ја достават до неа, која во рок од 24 часа треба да утврди и да донесе решение дали тој кандидат или тоа лице било и не било соработник со поранешните тајни служби од идеолошко политички и партиски причини.
„Доколку било соработник тогаш Комисијата е должна да ја извести ОИК односно ДИК, која пак има обврска да го повика подносителот на листата на која се наоѓа тоа лице и да го замени со друго“, појаснува Димитровски.
Според него, првичните анализи покажале дека една третина од лицата веќе го поминале лустраторскиот филтер, додека меѓу останатите две третини доминираат млади луѓе.