На интернет страницата на Комисијата за верификација на фактите пред малку се објавени досиејата на уште четворица нови лустрирани.
Како што е наведено, станува збор за судијата Миладин Арлам Стојанов, поранешниот прв разузнавач Слободан Богоевски, академик скулптор Томе Киро Серафимовски и бивш носител на јавна функција, советник во општина Радовиш, чие име не е наведено.
>>Аџиев: Можни се грешки при лустрирањето
>>Лустриран академикот и писател Божин Павловски
>>ДПМ: Стоп за лустрацијата, стоп за хајката против писателите
Со посдедните четворица списокот се зголеми на 74 лустрирани во процесот на прочистување, кој започна во 2010 година кога прв на списокот се најде Претседателот на уставниот суд, Трендафил Ивановски.