Според изворите на НОВА, лустраторите остануваат на ставот дека донеле правилна одлука, односно дека Јаневски бил соработник на тајните служби. Единствено против – Чедо Дамјановски.
Според изворите на НОВА, најголем дел од лустраторите остануваат на ставот дека донеле правилна одлука, односно дека Јаневски бил соработник на тајните служби.
Вчера Друштвото на писателите на Македонија со огорченост ја отфрла апсурдната одлука на Комисијата за верификација на фактите со која писателот Славко Јаневски е прогласен за соработник на тајните служби.
Друштвото на писателите на Македонија бара одговорност заради овој антиуставен чин на Комисијата за верификација на фактите која посегна по една од најсветлите личности на современата македонска литература и култура, надвор од нормите што ги подразбира законот за лустрација.
Во спротивно ДПМ овој чин ќе го толкува како тенденција за бескрупулозно газење и рушење на темелните вредности на македонската национална култура.