Академикот и писател Божин Павловски на денешната седница на Комисијата за верификација на факти е прогласен за соработник на тајните служби, дознава НОВА. Чедомир Дамјановски единствен гласал против одлуката наспроти 8 гласови „за“.
Одлука пред новинарите не е соопштена.
Павловски пред два дена напиша отворено писмо до Никола Груевски, премиерот на Република Македонија, до Македонската академија на науките и уметностите и до Друштвото на писателите на Македонија, насловено Збогум, со здравје, во кое потсети на геноцидот на Пол Пот во Камбоџа, кога ја истребуваше интелектуалната елита, со помош на Црвените Кмери.
>>Божин Павловски: Збогум, со здравје, излегувам од МАНУ и ДПМ
>>Лустрација: Старделов го повикува МАНУ да се спротивстави
Во меѓувреме, академик Павловски, не чекајќи ја одлуката, со отворено писмо до премиерот Груевски, МАНУ и Друштвото на писателите, извести дека ги напушта МАНУ И ДПМ.