Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маестро Слободан Унковски со награда за најдобра претстава во Хрватска

0
By Нова ТВ on November 25, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најдобра претстава оваа сезона во Хрватска е “Три сестри” на Антон Павлович Чехов во режија на маестро Слободан Унковски, изведба на Градскиот Драмски Театар Гавела од Загреб.

Во пресрет на прикажувањето на Чеховите „Три сестри“ во јануари оваа година, хрватските медиуми „Јутарњи“ како и политичкиот магазин „Актуал“, објавија интервјуа со славниот драмски режисер.

– Јас ја избрав актерската екипа. Бев во Загреб неколку пати по два-три дена и ги гледав претставите. Ги сретнав глумците, секој од нив посебно, ги гледав, разговарав со нив, мислев и така дојде до поделба на улогите, изјави Унковски во интервјуто за „Јутарњи“.

Македонскиот режисер вели Чехов за него е доста специфичен, а за прв пат го поставил пред речиси осум години во Скопје и Белград.

„Многу е скормен и бескрајно симпатичен. Многу е тешко во него да се препознае поранешен Министер за култура, угледен режисер и некогашен професор на Харвард“, пишува за него хрватски „Јутарњи“.

Во интервјуто за „Актуал“, режисерот Унковски објаснува како дошло до соработка со Хрватска.

– Откако директорот на „Гавела“, Дарко Стажиќ ми предложи да ја поставам претставата во овој театар, започнав разговори за насловите, и на крај одлучивме тоа да бидат „Трите сестри“. Таа претстава најмногу и одговара на моите моментални интереси и квалитетите на ансамблот на овој театар.

Воедно, во последно време театрите доста се занимаваат со политички обоени текстови, па сметам дека е добро да се вратиме на едноставните, но важни теми како што се љубовта и одминувањето на времето…текстот не го модернизирав намерно, туку го прилагодив и „преведив“ во денешно време. Беше тоа комплициран процес со оглед на тоа што станува збор за Чехов, кој покрај Шекспир и други врвни писатели, е потполно заокружен, би рекол дефинитивен, објаснува македонскиот драмски режисер.

Унковски има работено во САД, Германија, Русија, Словенија, Србија и Грција, меѓу другите земји и добитник е на голем број награди во странство и Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.