Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајк Тајсон: Се дрогирав пред мечевите

28
By Нова ТВ on November 14, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во вторникот излезе автобиографијата на легендарниот боксер Мајк Тајсон, со наслов „Неоспорена вистина“, во која Тајсон покрај останатото признава и дека се дрогирал пред одредени борби. Британски „Телеграф“ прв ги пренесе најшокантните делови од автобиографијата.

Тајсон пишува дека кокаионот и марихуаната ги користел пред мечот со Лу Савариз во јуни 2000 година во Глазгов, а ги користел се до мечот со Дени Вилијамс во 2004 година, кога доживеа шокантен пораз.

Железниот Мајк во својата автобиографија го опишува и начинот на кој успеал да ја заобиколи анти-допинг контролата која ја тестирала урината по борбата. Тој вели за таа намена користел уред наречен „визер“, лажен пенис кој се користи за фалсификување на урината при анти-допинг тестовите.

„Бев прав наркоман“, пишува Тајсон. Тој во книгата признава дека прв пат употребил кокаин на 11 години. Користењето на кокаинот е главната причина поради која Мајк Тајсон во 2002 на конференцијата за новинарите пред мечот со Ленокс Луис предизвика скандал. Тогаш без никаква причина Железниот Мајк го нападна Британецот и го гризна за ногата.

Уште еден од шокантните факти кои ги открива поранешниот број 1 во супертешка категорија, е дека лажел дека бил излечен од алкохолот иако во јавноста се појавуваше трезен. Тој вели поради прекумерена употреба на алкохол, животот му бил во опасност.

Сепак и со оваа автобиографија, и покрај сите контроверзии во животот и кариерата, тој не признава дека ја силувал Дезире Вашингтон. Во затворот читал класика од светската книжевност но не и делата на Хемингвеј, за кои пишува дека се премногу депресивни.

На крај, Тајсон објаснува и како го изгубил целото богатство кое го заработил. Неговот однос со парите најдобро го илустрира со ситуацијата кога загубил торба со милион долари, или на пример жената која го тужеше дека неговиот тигар ја гризнал (кој Мајки го чуваше како домашно милениче), иако го загуби спорот, од него доби поклон 250 000 долари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.