Русија пронајде докази за комуникација помеѓу мајката на обвинетите бомбаши на бостонскиот маратон со некој кој би можел да биде еден од нејзините синови како дискутираат за џихад во 2011, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски официјален претставник кој има информации за истрагата.
Изворот овој разговор го опишал како нејасен.
Русите ги предале доказите за разговорот на ФБИ во последниве неколку дена.
Изворот не знаел за причината за одложување на и не понудил став на Си-Ен-Ен дали со ова за ФБИ е доволна причина за попрецизни сознанија за Тамерлан Царнаев, постариот од браќата.