Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонците-сиромашни, но горди потомци на Александар Велики

0
By Нова ТВ on July 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија e изолирана

Грчкото вето и недостигот на реформи ја блокираат земјата, ова е насловот на најтиражниот весник во Швајцарија Ноје Цирхер-цајтунг , а во поднасловот е заклучокот- Македонија е изолирана.

Македонија речиси целосно исчезна од радарот на политиката за проширување на ЕУ. Некогаш оваа земја беше напреден кандидат. Сепак, надворешните и внатрешните блокади се зголемуваат на фатален начин, пишува весникот.

Ви го презентираме текстот во целост:

На состанокот за „проширување“ на јунскиот самит на шефовите на земји и влади од ЕУ, Македонија не беше спомената. Нема ништо ново да се каже – се велеше од Брисел. Одлуката, којашто не беше неочекувана, во Скопје беше примена со разочарување.

Контрастот наспроти успешен почеток на ЕУ-интеграцијата на земјата со два милиона жители всушност има колосални размери.

Политичка стагнација

Во 2005 година Македонија како кандидат за прием во ЕУ беше речиси на исто ниво со денешната членка, Хрватска. Македонија далеку зад себе ја остави Србија. Во тоа време Белград немаше ниту потпишано договор за асоцијација со ЕУ. Сега Белград најверојатно ќе ги започне преговорите за пристапување во јануари. Македонија не е ниту на дневниот ред.

Кој е виновен за ова? За премиерот Никола Груевски, кој е на чело на Владата од 2006 година, одговорот е јасен. Виновник за застојот е Грција, којашто секој чекор за интеграција на Македонија го условува со откажување на Република Македонија од името и нејзино натамошно именување како Горна Македонија или Вардарска Македонија. Само северната грчка провинција смее да се нарекува Македонија.

Второ на што се жали Груевски се големите земји од ЕУ, коишто ја присилиле Грција да спроведе целосна економска програма, но не извршиле притисок врз Атина во однос на спорот со името. Критиката на македонскиот премиер е оправдана – но, не целосно. Бидејќи за внатрешно-политичката стагнација не се виновни ниту Брисел ниту Атина, туку неговата влада.

Изгледа дека започна да се врти магепсан круг. Недостигот од изглед за преговори за прием ги минираше реформите во Македонија за правна држава, но исто така и за развој на независен медиумски сектор. И во двата сектори „правна држава“ и „медиуми“ се зголемува владиниот притисок, што резултира со тоа што многу медиуми, но исто така и судството, работат во служба на Владата.

Овој негативен развој се набљудува во главните градови на членките на ЕУ и натаму ја намалува и онака слабата волја за деблокирање на процесот на пристапување во ЕУ преку Грција.

Некои набљудувачи на состојбите го критикуваат зголемувањето на автократскиот стил со кој владее колицијата составена од националистичко-конзервативната ВМРО и етничко-албанската партија ДУИ.

Парламентот сè помалку станува место, каде што пред очите на јавноста можат да дебатираат владејачките и опозициските партии. Опозицијата е изигрувана со процедурални трикови, а потоа со месеци намуртено го бојкотира работењето на Парламентот.

Во ќор-сокак

Веќе седум години по ред опозицијата ги губи сите избори. И бидејќи партиите овде во Македонија функционираат како клиентелистички системи за вработување и добивање тендери, опозицијата – којашто нема никакви бенефиции за нудење – станува сè послаба.

Мала светлина во тунелот би можело да биде новото водство на социјал-демократите на Зоран Заев, кој ветува обновување на партијата и на опозициската политика.

Колку е повеќе Владата попасивна во реформирањето на државата и администрацијата, толку повеќе се ангажира на идентитетско-политички план. Со огромен финансиски ангажман (од којшто краткорочно профитираше градежната индустрија) центарот на Скопје се претвора во „тематски парк“ од споменици и антички фасади.

Пораката гласи: Ние, Македонците сме горди потомци на Александар Велики. И покрај тоа што не припаѓаме во ЕУ и сме сиромашни – никој не може да ни го земе нашиот идентитет. Како ќе излезе земјата од овој ќор-сокак е мистерија, пишува швајцарскиот весник Ноје Цирхер Цајтунг.

ФОТО: CNN, од текстот Дали македонскиот главен град е претворен во тематски парк
(10.10.20122)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.