Над 100.000 луѓе се пријавиле за да заминат на планетата Марс со желба да го поминат остатокот од животот таму. Меѓу нив е и еден Македонец, Горан Атанасов.
Целта на проектот „Марс 1“ е населување на црвената платена од 2022 година.
Еден од основачите на овој приватен проект Бес Ленсдорп вели дека многу луѓе се уште ги средуваат своите биографии или ги доработуваат своите видео – снимки, а има и такви кои не уплатиле за пријава.
За карта во еден правец на Марс можат да се пријават лица над 18 години. Оваа година ќе бидат избрани 40 кандидати, од кои само четворица во септември 2022 година ќе заминат на пат за Марс, каде ќе пристигнат во април 2023.
Како што јавува SNN, следната група потенцијални кандидати ќе замине за две години, нивното враќање на Земјата не е потврдено.
Астронаутите ќе имаат обика од осум години.
Мисијата чини 6 милијарди долари, а ќе биде финансирана од спонзори, меѓу кои се и медиумите кои ќе добијат ексклузивни права за пренос – од тренингот па до заминувањето.