Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија-Бугарија: Заедничка седница за добрососедство

0
By Нова ТВ on July 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската и бугарската влада во бугарскиот пограничен град Ќустендил одржуваат заедничка седница на која пред се, според најавите, ќе стане збор за продлабочување на добрососедските односи.

Покрај премиерот Никола Груевски ќе присуствуваат и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Во составот на бугарската делегација, која ќе ја предводи премиерот Пламен Орешарски, (на насловната фотографија со дел од министрите) ќе бидат и вицепремиерот Зинаида Златанова, министерот за транспорт, информатички технологии и врски Данаил Папазов и министерот за земјоделство и храна Димитар Греков.

Во рамки на седницата, ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу премиерите Груевски и Орешарски, и поединечни средби на присутните членови на владите од двете страни, за потоа да се заокружи средбата со заедничка пленарна меѓувладина седница.

На средбите ќе стане збор за унапредување и продлабочување на добрососедските односи, за прашања од интерес на двете земји, за европските и евроатлантските интеграции на регионот, продлабочување на економските односи, зголемување на трговската размена, за инфраструктурни проекти од регионално значење и други прашања од заеднички интерес.

Од македонската Влада велат дека ова е позитивен чекор кон унапредувањето на добрососедските односи и продолжување на позитивната практика на одржување средби со раководствата на соседните држави и заеднички владини седници со соседните земји, како што беше седницата со српската Влада, скорешната со Бугарија во Ќустендил, а има расположение и позитивен одговор и од Албанија и од Косово на македонските иницијативи за заеднички владини седници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.