Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија да биде лидер во изнаоѓањето на решенија во борбата со дезинформациите

0
By Нова ТВ on December 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Како Влада имаме голема обврска и одговорност да се спротивставиме на дезинформациите и да ги спречиме штетите кои ги нанесуваат лажните вести. Затоа еден од нашите приоритети е „Стоп за дезинформациите“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, на која ги презентираше проектите и програмите од владината „Акција 21 – за европски стандарди дома!” за 2021 година.

Тој најави засилени активности во периодот што следи, широки консултации со медиумските работници и граѓанскиот сектор и, како што рече, уште посериозна борба со дезинформациите, со говорот на омраза и другите облици на хибридни закани против демократијата во нашето општество, во рамките на Планот за одлучна акција против ширењето на дезинформациите и против нападите врз демократијата.

-Со овој план се изработи и протокол за кризни комуникации помеѓу централниот владин комуникациски сервис и министерствата, кој доколку не постоеше во време на ковид кризата низ која поминуваме, ќе имавме големи тешкотии во справувањето со лажните вести, кои во огромен број беа пласирани преку квази медиуми. Такви тенденции се препознаваат уште сега и со вестите поврзани за вакцината против КОВИД-19 со цел да предизвикаат недоверба кај граѓаните и да ги обезвреднат силните напори на институциите и лекарите во борбата со пандемијата.

Овие обиди ќе се разобличуваат како дезинформации во соработка со факт чекерите и на медиумите ќе им се обезбеди најтранспарентно пристап до релевантни извори и информации за креирање објективни медиумски содржини од јавен интерес. Владата има обврска да го штити јавниот интерес и во таа смисла ќе направиме се што е во наша надлежност населението да биде целосно, навремено и точно информирано за начините на заштита од КОВИД, вклучително и за процесот на вакцинација, рече Заев.

Кога станува збор за одбраната од сајбер нападите, Заев објави дека е завршена процедурата за усогласување на Меморандум за соработка на нашето Министерство за одбрана со НАТО, на полето на сајбер одбраната и документот е подготвен за потпишување, што, како што кажа, ќе овозможи координирана реакција на сојузниците во случај на сајбер напади.

-Македонија ќе биде лидер во изнаоѓањето на решенија во борбата со дезинформациите кои го напаѓаат целиот свет, и верувам дека рамо до рамо со партнерите од западот и НАТО, соодветно ќе возвратиме на оваа штетна појава, рече Заев.

Најави и дека медиумската писменост ќе стане дел од наставата со цел, како што вели, да им помогнеме на младите генерации да бидат најсилните отпорници на лажните вести.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.