Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија е меѓу 15-те европски земји кои ќе добијат дел од пакетот на воена помош на САД во износ од 713 милиони долари

0
By Sashko on April 27, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: Politico
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија е меѓу партнерите на САД од европскиот регион за кои се предвидени 713 милиони долари на воена помош што ќе бидат употребени за сузбивање на руското влијание, се посочува во одговорот на Стејт департментот на прашање на „Гласот на Америка“ за дообјаснување на структурата на пакетот.

Според информациите од таму, средствата од најновиот пакет на воена помош на САД за Украина ќе бидат поделени на „Украина и 15 други сојузнички и партнерски нации“ во Источна Европа и на Балканот.

„Помошта е наменета за НАТО сојузниците да ги пополнат капацитетите што ги донираа на Украина од сопствените залихи за да го задржат и засилат одвраќањето на Алијансата. Повеќе од 322 милиони долари од тие средства се пријавени за Украина и дополнително ќе ја подобрат нејзината способност за одбрана во војната со Русија која е во тек“, се вели во дел од одговорот на Стејт департментот.

Инвестицијата од 322 милиони долари во Украина, како што се наведува, ќе овозможи широк опсег на способност, вклучувајќи и за НАТО нестандардни системи на оружје, ќе помогне на украинските сили да преминат на системи на НАТО за истрели со голем домет, како што е артилерија и ќе ја поддржат способноста на противвоздушната одбрана.

Грузија, исто така, ќе добие 35 милиони долари за финансирање на комплети на борбена опрема за бригади, за напредни артилериски тактички систем на податоци, способност за мобилност и сајбер одбрана.

„Останатиот дел од пакетот од 713 милиони долари ќе обезбеди одбранбени артикли, обука и услуги за Македонија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Естонија, Летонија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Романија и Словенија; потоа ќе се поддржи Иницијативата за развој на напредно таргетирање за Бугарија, Чешка, Естонија, Литванија, Летонија и Словачка и ќе овозможи дополнителна поддршка за БиХ во рамки на Фондот за сузбивање на руско влијание“, се вели во одговорот на Стејт департментот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.