Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ги слави двата Илиндена

0
By Нова ТВ on August 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двата историски Илиндена – 110 години од Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ денеска се одбележуваат со големи народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце.

На централното чествување во Крушево ќе присуствува и ќе се обрати претседателот на Владата, Никола Груевски, кој е покровител на годинашната манифестација „Десет дена Крушевска Република“.

Делегацијата ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот на хероите на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што ќе се одржи големиот народен собир.

Настапот има ансамблот за фолклор „Танец“, а вечер на плоштадот „Никола Мартиновски“ во Крушево настапува Културно-уметничкото друштво „Наум Наумовски-Борче“.

На чествувањето во Крушево, традиционално, ќе учествуваат и коњаниците на традиционалниот Илинденски марш кои на 27 овој месец тргнаа од скопско Горно Лисиче кон Крушево.

Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ трае до 10 август и ќе биде заокружена на Гумење, со церемонија на спуштање на бајракот и стрелба за хероите на Илинден и Крушевската Република.

Во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановско Пелинце, каде што исто така ќе се одржи народен собир, ќе присуствува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Во Скопје, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе положи цвеќе и ќе има обраќање пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседателот на Президиумот на АСНОМ. Цвеќе ќе биде положено и пред спомениците на Никола Карев и на АСНОМ.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Оливер Спасовски ќе бидат на прославата во Пелинце, додека своја делегација СДСМ ќе ја претставува во Крушево.

Традиционално, во битолското село Трново се одржува 42 Светска македонска средба во организација на Матицата на иселениците, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“.

Во манастирот Прохор Пчињски и оваа година нема да присуствува македонска делегација. Владата не ни побарала од српската православна црква да дозволи одбележување на празникот, заради негативните одговори што редовно ги добиваше изминатите години, јавува Радио Слободна Европа.

Иако минатата есен македонската Влада и дозволи на Србија со највисоки почести да ја прослави годишнината од битката кај Зебрњак, од српската православна црква не сакаат да
ги отворат вратите од манастирот за официјални гости од Македонија.

Српскиот претседател Томислав Николиќ тогаш се заложи дека ќе посредува за решавање на спорот меѓу двете цркви, но односите се останати статус кво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.