Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и Бугарија заложници на краткорочни перспективи

0
By Нова ТВ on February 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– До овој момент многу ретко можевме да видиме политика и од двете страни, која мисли со 20 години напред, изјави Стево Пендаровски, професор по меѓународна политика на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, на тркалезната маса организирана од Граѓанското Движење Модерна Бугарија.

– Сите тие мислеа само како да добијат нов мандат или како да дојдат на власт, ако се во опозиција. За жал, мислам дека проблемот во оваа смисла е поголем во Скопје отколку во Софија, бидејќи македонското раководство е премногу внатрешно ориентирано во политичка смисла и регионот практично не го интересира. Особено источната димензија на нашата регионална политика де факто не постои, истакна професорот Пендаровски.

Според него, на билатерален план, работите меѓу Бугарија и Македонија одат во лоша насока.

– Последната година и половина забележуваме негативни трендови. Според последните информации можно е да се дојде до взаемно прифатлива билатерална рамка во која ќе можат да се развиваат билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија. Мислам дека воопшто не требаше да дојде до оваа негативна точка во билатералните односи и тука е вината на властите во Софија и Скопје.

– Сега практично ние сме принудени, поради евроинтеграцијата на Македонија да бидеме добри соседи. Моите впечатоци се дека двете земји уште пред многу години ја пропуштија првата точка од политичката агенда на која и да е балканска држава – соседите сами да ги решаваат своите меѓусоседски проблеми, ако ги има, и таму каде што ги има.

– Што се однесува до идните перспективи – сигурен сум дека бугарското раководство, и претходното и сегашното знае каде ја води Бугарија. Бугарија е веќе, може да се каже, стара членка на евроатлантските структури. Но не сум сигурен дали македонското раководство знае каде ја води македонската држава, со оглед на тоа дека од 2008 година имаме официјална блокада на нашата интеграција во ЕУ и НАТО.

– А, не гледам алтернативен план. Полошо од тоа да немате алтернатива, е да немате никаква алтернатива. Во овој момент ми се чини дека Република Македонија нема друга практично можна алтернатива од тоа да чека на некој друг, надвор од регионот, да се сети за Македонија, вели професорот Пендаровски.

Тој не верува дека може да се случи дестабилизација – ниту во политичката област, ниту во областа на безбедноста. Тој не верува дека може да се дестабилизира регионот од доцнењето на европската перспектива на Македонија.

– Единствената точка во регионот која како пред, така и денес може да предизвика сериозна дестабилизација, е северно Косово. Белград чека да добие датум за почеток на преговорите. Приштина до крајот на годината треба да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација. Мислам дека и двете земји ќе одат по патот на европската перспектива. Не на ниво на 90-тите години, но во секој случај на повисоко ниво од она што би можело да произведе било каква експлозивна мешавина во билатералните односи меѓу Скопје и Софија.

– Да го оставиме на страна прашањето дали може да стане полошо за регионот, ако нема добра комуникација меѓу Софија и Скопје. Мислам дека прво и основно и доста вознемирувачко за нашите народи е ако немаме добра комуникација. Да го оставиме прашањето дали може да има поширока дестабилизација. Прво да видиме дали може да има подобар живот за нашите народи, за нашите граѓани.

– Мислам дека политичките насоки и во Софија, и во Скопје чекаа премногу долго и ја дозволија оваа ситуација за да можеме на крајот да имаме, можеби не идеални, но барем нормални билатерални односи. Моментално де факто билатералните односи се замрзнати, истакнува проф. Пендаровски.

Според него, интерес од ваквите односи на Софија и Скопје имаат националистите во двете држави, кои ги инвестирале сите свои расположливи сили во 90-тите години.

– Тие немаат потенцијал да ја дестабилизираат пошироко ситуацијата, но можат да предизвикаат проблеми за главните учесници на политичката сцена кои донесуваат одлуки, бидејќи може да им наметнат националистичката и политичката реторика и на тој начин да го стеснат маневрското поле.

– Мислам дека токму тоа се случува во Бугарија во изборната година, која веќе започна, и со оглед на ситуацијата во Македонија, за која може да се каже дека сме во „постојани избори од секаков тип“. Можеби оваа година ќе имаме најмалку еден, а може и два изборни циклуси. И кога ќе влезете во предизборна реторика, вие се грижите за избирачите, а не за долгорочните перспективи на земјите, заклучува проф. Пендаровски.

Целото интервју може да го погледнете тука.

Извор БГнес

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
ФОКУС

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

ВЕСТИ October 21, 2025

Во Скопје вечер во 20 часот, во „Холидеј Ин“ ќе се одржи премиерата на документарниот…

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.