Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и официјално стана 30. земја членка на НАТО

0
By Нова ТВ on March 27, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска преку нашата Амбасада во Вашингтон, во Стејт Департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што, од денеска нашата земја и официјално стана триесетта членка на Алијансата. По тој повод, беше одржан видео разговор меѓу министерот за надворешни работи Никола Димитров и Филип Рикер, помошник секретар за Европа и Евро-азија во Стејт Департментот, а на кој присуствуваше и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнс.

Во понеделник на 30 март ќе има церемонија на која ќе се подигне македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел и во командата во Норфолк, а на 2 април Димитров ќе биде првиот наш претставник на состанок на НАТО што ќе се одржи преку видеоконференција. На кревањето на македонскотот знаме во Брисел ќе присуствува генералниот секретар, Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал сер Стјуарт Пич, како и вршителот на должност во македонската делегација во НАТО, Зоран Тодоров.

„Започна пред 27 години, а заврши пред неколку секунди и ние практично од денес сме 30. земја членка на НАТО“, рече Димитров.

Членството во НАТО, додаде Димитров, се случува во период кога светот се соочува со Ковид -19. што е најголемиот предизвик од Втората светска војна и оти „затоа имаме една ваква поскромна церемонија, но тоа не го намалува историското значење на овој мемент“.

„Коронавирусот нема национална припадност, што е причина повеќе да работиме заедно, солидарно за што поуспешно да се справиме со него. Од денес ги имаме САД како наш партнер и уште 29 земји членки и никогаш веќе нема да бидеме сами“, порача Димитров.

Амбасадроката на САД, Кејт Брнс, рече дека е исклучително горда и среќна што во името на САД ни посакува добредојде.

„Ова е историска недела за вашата држава. Не само што станавте 30. земја членка на НАТО, туку и ќе ги започнете и преговорите со Европската унија. Ја поддржуваме вашата одлучност и визија за иднината. Ќе бидеме рамо до рамо со вас додека влегувате во новата поглавје“, рече Брнс.

Генералниот секретар на НАТО алијансата, Јенс Столтенберг, на Твитер и го честиташе членството на Северна Македонија.

„Добредојде во НАТО Северна Македонија! Патот беше долг, но вашиот труд се исплати. Формалниот процес за пристапување е завршен и задоволни сме што ја имаме 30-тата членка на Алијансата со нас“, напиша Столтенберг.

Претходно свое обраќање имаше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Секоја генерација има своја битка, нашите баби и дедовци се бора за слобода, нашите мајки и татковци за независност, нашата битка беше за држава членка на НАТО и Европската унија. Денеска нашата генерација ја запиша својата прва историска победа, денешниот датум 27 март, е датум кој ќе влезе во учебниците на нашата историјата. Тоа ќе биде датум на првиот голем успех на нашата независна и суверена држава. Таму ќе пишува дека на 27 март 2020 година нашата земја Северна Македонија стана 30. Членка на НАТО Алијансата“, рече Шекеринска.

Таа вели дека со посветена работа се успева и невозможното да се направи достижно, па затоа сега, по речиси 30 години чекање, нашата земја влегува под чадорот на колективната безбедност кој штити милијарда луѓе во светот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.