Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија калкулира, Србија чека да се повлече одлуката

0
By Менче Атанасова Точи on August 19, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема одговор од Министерството за земјоделство дали ќе ја повлече одлуката со која се ограничува увозот на пченица и брашно. Нема никаква потврда дали Србија започна да го отежнува увозот на македонските производи за време на викендот како што најавија српските медиуми во петокот.

-Нема најава за такво нешто, се следи состојбата на пазарот беше одговорот што НОВА успеа да го добие од Службата за односи со јавноста во ресорното Министерство денеска.

По ова побаравме објаснување што значи тоа дека се следи домашниот пазар, на кој начин и со која се следи состојбата.

Одговорот кој следуваше подоцна го добивме преку сооштение кое беше испратено до сите медиуми.

Во него се вели дека досега се откупени 82 проценти од пченицата или 120 000 тони од планирана количина на домашна пченица, која се движи во границите на откуп од претходните жетви. Во ресорното Министерство велат дека будно ги следат активностите со откупот на домашната пченица и се обидуваат да ја забрзаат динамиката на откупот.

-Секојднево сме во комуникација со сите фактори вклучени во процесот на откупот, со производителите на пченица и мелничко пекарскиот сектор, преку кои се следи количината на откупена пченица и состојбите на теренот. Тимови од Државниот инспекторат за земјоделство секодневно доставуваат теренски податоци за откупот на домашната пченица се вели во соопштението.

Министертвото апелира сите инволвирани страни да се фокусираат да се забрза откупот на пченицата што сеуште не е откупена, за да се заштитат на интересите на индивидуалните земјоделски производители на пченица, како и интересите на домашните компании од мелничко-пекарскиот сектор и стабилизирање на домашниот пазар со пченица и брашно.

Токму оствaрувањето на овие цели е приоритет кој е во интерес на Македонија и македонското земјодество се вели на крајот од ова соопштение.

И додека Министерството за земјоделство калкулира и математички се обидува да најде формула со која ќе дојде до замислената цел, српската страна станува нестрплива и бара министерот Љупчо Димовски да го одржи ветувањето дадено на 10 јули, кога со српскиот потпретседател на владата Расим Љајиќ се договориле одлуката да биде укината.

Љајиќ изрази очекување дека нема да има потреба од воведување на контра мерки и дека Македонија ќе ја повлече одлуката со која се ограничува увозот на пченицата.

-Цефта од Македонија бара да ја повлече одлуката со која се крши спогодбата за слободна трговија и јас искрено се надевам дека тоа ќе се случи во најскоро време изјави Љајиќ (16.082013) во интервју за Нови Магазин.

Инаку, проблемот настана кога Мaкедонија одлучи увозот на брашно и пченица да го поврзе со купување на домашно брашно и пченица, односно за килограм пченица од увоз од сите земји, па и од Србија македонските увозници мора да купат три килограми домашна пченица, а за увоз на килограм брашно, четири килограми брашно од домашно производство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.