Македонија ќе добие 100.800 вакцини на „Астра зенека“ од КОВАКС механизмот, информираат од Светската здравствена организација за ТВ 24.
Според листата што ја испрати СЗО до ТВ 24 од земјите во регионот, најмногу вакцини преку КОВКАС механизмот ќе добие Србија – 295,200 дози, Албанија ќе добие 120.000 вакцини, а Косово ќе добие иста количина како и Македонија.
Босна и Херцеговина пак ќе добие вкупно 131.400 вакцини, од кои дел ќе добие од компаијата „Астра зенека“, а дел од компанијата „Фајзер“.
„На Северна Македонија и се доделени 100.800 дози. Првата фаза на распределбата им беше соопштена на релевантните влади кои тесно соработуваат со партнерите во КОВАКС и производителите на вакцини за специфичните датуми за испорака. Временските рамки за овие испораки, ќе бидат објавени во наредните денови.“ – велат од СЗО.
Од Mинистерството за здравство велат дека ги очекуваат овие вакцини во текот на следните недели, но без да прецизираат точен датум на пристигнување. Тврдат дека Владата ги завршила сите процедури и исплати навреме.