Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ќе прифати идентитет од 1945 или нема ЕУ, порачуваат од Софија

0
By Нова ТВ on February 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под наслов „Скопје е загрижено поради ‘замрзнатиот конфликт’“, бугарски „Медијапул“  реагира на изјавите дадени во нашата држава околу спорот со Софија. Акцискиот план, кој според Османи е дефиниран 99 отсто, според медиумот, нема да ја смени позиција на Бугарија да не ја поддржи преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ. Со планот се очекува да се ветат заеднички активности на Коридорот 8 и засилена соработка во образованието, енергијата, културата, економијата, медиумите, информатичкото општество итн.

„Чувствителните прашања во врска со историјата, јазичната формулација и малцинствата остануваат на масата“, оценува медиумот, според кој досега бугарската влада не дала детален коментар за Акцискиот план што се подготвува, но јасно става до знаење дека се залага за потпишување на нов документ место „нефункционалниот Договор за добрососедство“, што пак одбива Македонија.

Околу овие информации „Медијапул“ пренесува коментар на членот на историската комисија Кирил Топалов, кој тврди дека Македонија се обидува да го заобиколи на разни начини Договорот од 2017 година. Тој посочи дека Бугарија секогаш ја гледала Северна Македонија како „роднина по крв“, додека од таа страна ја гледаат „со жестоко непријателство“.

„Бугарија го признава идентитетот на Македонците, тој е од 1944 година, но проблемот е што тие ја фалсификуваат историјата“, оценил Топалов. Според него, доколку Македонците сакаат да разговараат со Бугарите на корисен и значаен начин, тие прво мора да го го преиспитаат неточниот поглед на историјата.

„Може ли дел од бугарското население, од кое дел се бегалци од Македонија, да прифати дека нивните прадедовци и дедовци биле небугари и зборувале небугарски јазик. Тоа е апсурдно! Сè што беа замолени да сторат е да ги признаат нивните историски корени, оттогаш нивниот пат е отворен“, порача Топалов од историската комисија.

Според негова оценка, непризнавањето на историските корени дава основа за злобна антибугарска пропаганда во Македонија, при што тие се нарекувани бугарските фашисти. Тој предвидува дека која и да е партија да победи на изборите во април, курсот на Бугарија кон Македонија нема да се смени.

„Македонците не треба да се надеваат премногу дека по изборите Бојко Борисов или друг, кој и да победи, ќе заземе друга линија. Никој нема да заземе друга линија! Линијата на национално-историското достоинство никој нема да ја смени. Ова е политичко самоубиство и тоа треба да се знае во Скопје“, рече тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.